Uncategorized
Белоруската полиција го уапси лидерот на опозицијата Милинкевич
Белоруската полиција денеска го уапсила лидерот на опозицијата Александар Милинкевич.
Белоруската полиција денеска го уапсила лидерот на опозицијата Александар Милинкевич.
“Уапсен е од страна на специјалните полициски сили. Не знам каде е одведен“, соопшти Павел Маженка, портпарол на Милинкевич.
Тој додаде дека лидерот на опозицијата е уапсен во моментот додека давал интервју за еден локален весник.
“Не кажаа зошто го апсат, но сметаме дека има врска со вчерашната манифестација организирана од Милинкевич“, додаде Маженка.
Белорускиот опозициски лидер вчера го искористи одбележувањето на 20-годишнината од Чернобилската трагедија, за да собере неколку илјади свои приврзаници.
Неколку часа по манифестацијата, Милинкевич кратко беше уапсен и испрашан од обвинителството, а добил и предупредување да не организира протест на Октомврискиот плоштад.
Според портпаролот на Милинкевич, на протестот пред 6.000 луѓе лидерот на опозицијата изјавил дека ќе го уништи претседателот Александар Лукашенко.
“Ќе го уништам во согласност со уставот. Знам како тоа да го направам. Законот е на наша страна“, изјави вчера Милинкевич пред насобраните приврзаници.
Лукашенко беше реизбран за претседател на Белорусија со 83 отсто освоени гласови. Опозицијата, ОБСЕ и западните земји ги прогласија изборите за нерегуларни.
/крај/бг/ст/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.