Uncategorized
Рајс: САД може да применат “свои мерки“ кон Иран
Доколку Советот за безбедност на ООН не дејствува доволно брзо во врска со нуклеарната програма на Иран, САД и неговите сојузници може да пристапат кон дополнителни мерки вон рамките на ООН.
Доколку Советот за безбедност на ООН не дејствува доволно брзо во врска со нуклеарната програма на Иран, САД и неговите сојузници може да пристапат кон дополнителни мерки вон рамките на ООН.
Ова го изјави американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, во интервју за Телевизијата Си-Би-Ес.
“Апсолутно сум убедена дека во резерва, имаме многу дипломатски средства во Советот за безбедност. Исто така сум убедена дека сите страни ќе бидат подготвени да разгледаат дополнителни мерки ако Советот за безбедност на ООН не дејствува доволно брзо“, изјави Рајс.
Претходно, таа побара од Советот за безбедност да усвои резолуција со која ќе побара од Иран да ја прекине нуклеарната програма. Во спротивно, како што изјави, “САД ќе се повика на глава 7 од Уставот на ООН каде се предвидува примена на принудни мерки, вклучително и сила“.
/Крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.