Uncategorized
Европарламентарци во САД заради наводните активности на ЦИА
Делегација на Европскиот парламент од денеска престојува во Вашингтон во обид да ги расветли обвинувањата за наводни тајни затвори на ЦИА во Европа, како и за нелегални трансфери на осомничени за тероризам.
Делегација на Европскиот парламент од денеска престојува во Вашингтон во обид да ги расветли обвинувањата за наводни тајни затвори на ЦИА во Европа, како и за нелегални трансфери на осомничени за тероризам.
Делегацијата составена од 13 европарламентарци ќе се состане со американски државници и конгресмени, меѓу кои се и помошник државен секретар за европски прашања Даниел Фрид и поранешниот шеф на ЦИА Џејмс Вулси.
Предвидено е европарламентарците да остварат средби и со американски правници, новинари и со неколку невладини организации.
Комитетот на Европскиот парламент покрена истрага за извештаите објавени од „Вашингтон Пост“, според кои ЦИА префрлувала осомничени за тероризам во тајни затвори во Европа. Ова досега го нема потврдено ниту еден европски државник.
Комитетот нема правна моќ да повикува сведоци на суд во врска со истрагата и сите сведочења се добиваат на доброволна основа.
Претставници на Европскиот парламент неодамна престојуваа во Македонија каде го истражуваа случајот на Калед ел Масри, кој тврди дека на 31 декември 2003 година бил уапсен кај Табановце, а 23 дена подоцна бил предаден на ЦИА, која со специјален лет го пренела од Скопје во Кабул, за подоцна да го ослободи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.