Uncategorized
Дали имигрантите ја полнат или празнат државната каса?!
Одлуката на американскиот претседател Џорџ Буш да распореди шест илјади припадници на Националната гарда долж 3.200 долгата граница со Мексико и неговото барање до Конгресот да одобри повеќе средства за борба против илегалната имиграција, само ја зајакнаа расправата за тоа дали милиони лица кои илегално се во САД ги празнат или полнат џебовите на Владата.
Одлуката на американскиот претседател Џорџ Буш да распореди шест илјади припадници на Националната гарда долж 3.200 долгата граница со Мексико и неговото барање до Конгресот да одобри повеќе средства за борба против илегалната имиграција, само ја зајакнаа расправата за тоа дали милиони лица кои илегално се во САД ги празнат или полнат џебовите на Владата.
Илегалните имигранти чинат околу 20 милијарди долари годишно за школување, лечење и други јавни услуги, тврдат едни. Имигрантите плаќаат повеќе од седум милијарди долари годишно за даноци во социјалното осигурување што никогаш не ги, ниту нема да ги побаруваат, возвраќаат други.
Многу е тешко да се дојде до фактите. Дури и бројот на илегалци е отворен за расправа. Општо прифатената бројка е околу 11 милиони, но некои истражувачи тврдат дека бројот е многу поголем, до 20 милиони.
Само лани се уапсени 1,2 милиони лица кои се обиделе илегално да влезат од Мексико во САД, додека половина милион од нив успеале во овој обид.
На кој начин да се запре поплавата на нелегални имигранти е тема што ги подели Американците. Некои нелегални имигранти ги сметаат за криминалци додека други тврдат дека нема начин толкав број на луѓе да се депортираат и оти треба да им се даде шанса да го регулираат статусот.
Дали нелегалните дојденци земаат повеќе од што даваат? Или е обратно? И покрај многуте истражување, никој не знае што е точно. Уште повеќе што одговорот често го одразува ставот на оној кој говори отколку реалноста на нелегалните имигранти денес во САД, велат експертите.
“Поради политичкиот набој на прашањето, лицата внимателно ги бираат податоците кои им одговараат”, изјавил Џозеф Хок, економист на Калифорнискиот универзитет.
Тоа, меѓутоа, нема да го спречи Конгресот да се фати во костец со овие и други прашања. Лидерот на мнозинството, републиканецот Бил Фрист цврсто е решен да ги протурка реформите во имиграционата политика до крајот на мај.
Законот за кој ќе се води расправа вклучува зајакнато обезбедување на границите, нова програма за странски работници и условно отворање на патот кон евентуално добивање на државјанство за многу илегални работници во САД.
Законот би требало да ја утврди програмата за странските работници со која ќе им се овозможи да работат лошо платени работи додека со воведувањето на карти за идентификација за овие луѓе би се подобрила контролата на оние кои го кршат законот.
Притисокот за брзо делување се зголемува. Мнозинството Американци, според последните анкети, велат дека се вознемирени поради имиграцијата како еден од најважните проблеми со кои се соочува нацијата.
Обично се тврди дека повеќето нелегални имигранти слабо или минимално се образовани, дека живеат на или под линијата на сиромаштијата, малку придонесуваат во даночните давачки и извлекуваат корист од јавните услуги.
Проимигрантските групи возвраќаат со тврдењата дека, без разлика на тоа дали имигрантите плаќаат повеќе во такси отколку што добиваат од јавниот сектор или обратно–економската важност на илегалните дојденци не може да се порекне.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

