Uncategorized
Бројот на жртвите во Јава над 3000 лица
Бројот на жртвите од земјотресот што денеска ја погоди Јава надмина 3000 лица и се уште расте.
Бројот на жртвите од земјотресот што денеска ја погоди Јава надмина 3000 лица и се уште расте.
Властите соопштија дека очекуваат тој и натаму да се зголеми, додека Меѓународниот црвен крст соопшти алармантна бројка дека околу 200 илјади лица се погодени со земјотресот и може да се сметаат како жртви, пред се поради разурнати и напуштени живеалишта.
Според истиот извор, бројот на ранетите и повредените достигна 3.400. лица, но и овој број расте како што се вадат луѓето од под урнатините.
Струја и вода во погодениот град Јогџакарта нема, а властите на Индонезија ја испратија војската да помага во отстранување на последиците.
Црвениот крст отвори 21 полска болница додека не се нормализираат состојбите со хуманитарната помош.
Генералниот скеретар на Обединетите нации Кофи Анан изјави дека тимот за помош при несреќи на ООН е подготвен и активиран, а меѓу земјите кои што ветија помош се Малезија, Јапонија, Русија и Европската унија
Епицентарот на земјотресот што се случи денеска во главниот индонезиски остров, се наоѓал 37 километри југозападно од градот Јогџакарта, а јачината изнесувала 6,2 степени по Рихтеровата скала.
Јогџакарта е одалечен околу 25 километри од брегот на Индиски океан и околу 440 километри источно од Џакарта.
Експертите засега не се сигурни дали земјотресот е автохтон или пак е поврзан со засилената активност на блискиот вулкан, кој „проработе“ пред неколку дена.
Голем број од жителите побегнаа стравувајќи и од појава на цунами, но тоа не се случи.
По првит земјотрес, серија афтер шокови се регистрираа преку целиот ден, а земјиштето на Јава се уште не смирено и потреси со помал интензитет продолжуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

