Uncategorized
ЕУ се договори за брз трансфер на докази за криминалци
Европската унија постигна договор за брз трансфер на докази во криминални истраги што се водат за кривични дела на територијата на Унијата.
Европската унија постигна договор за брз трансфер на докази во криминални истраги што се водат за кривични дела на територијата на Унијата.
Договорот, како што е соопштено денеска во Брисел, бил постигнат на крајот од маратонскиот состанок на министри за внатрешни работ на земјите членки на ЕУ што синоќа завршил во Луксембург.
Со него е предвидено постоење на таканаречена Европска доказна потерница, која е наменета за издавање налог за апсење и побрз трансфер на осомничени за криминал на територијата на Унијата.
Договорот за кој се преговараше три години ќе им овозможи на судиите и на извршните власти на земјите членки многу брзо да разменуваат докази – предмети, документи и податоци за 32 вида кривични дела.
Најголеми резерви во договарањето на земјите членки на Унијата покажаа Германија и Холандија.
Германија инсистираше на можноста од двојна проверка на доказите во шест кривични дела, вклучувајќи го и тероризмот и расизмот, оценувајќи дека текстот не е доволно прецизен во споменатите точки.
Холандија пак инсистираше на правото да не ги дава доказите доколку криминалот е направен на нејзина територија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.