Uncategorized
Рајс – Сопирањето на нафтата ќе го погоди самиот Иран
Прекинувањето во доставките на нафта ќе создаде големи проблеми пред се на самиот Иран, чија економија зависи од извозот.
Прекинувањето на испорака на нафта ќе создаде големи проблеми пред се на Иран, чија економија зависи од извозот.
Ова го изјави државниот секретар на САД Кондолиза Рајс, коментирајќи ја изјавата на верскиот водач на Иран Али Хамнеи дека неговата земја ќе ги блокира испораките на нафта од Персискиот залив доколку продолжат притисоците поради нуклеарната програма на Техеран.
Иран ќе биде погоден со оваа мерка бидејќи и до 80проценти од Буџетот на
државата се формира од приходите од нафтата, рече Кондолиза Рајс. Таа предупреди дека блокадата на нафтата ќе биде многу голем проблем за Иран.
Рајс рече дека администрацијата на претседателот Буш ја примила спокојно изјавата на Али Хамнеи. Не треба да даваме преголемо значење на оваа закана,рече таа.
Светските берзи чувствително реагираа на заканата на иранскиот верски водач. Денеска на отворање на азиските берзи е забележан скок на цените на нафтата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.