Uncategorized
САД не се откажуваат од вселенското оружје
Соединетите американски држави (САД) ја повторија определбата за развој на оружје за користење во отворената вселена, за да ги заштитата воените и цивилните сателити.
САД ја повторија определбата да развијат оружје за користење во отворената вселена, за да ги заштитатат воените и цивилните сателити.
Во говорот на конференција за разоружувањето, висок претставник на департментот за контрола на вооружувањето на САД изјави дека овој оружен систем би бил само за одбрана.
Според него, Вашингтон не гледа смисла да разговара за ограничување на ширењето на оружјето во вселената, откако 40-годишната меѓународна спогодба со која се забранува оружје за масовно уништување во вселената останува на сила.
Џон Махонко изјави дека САД се исправени пред заканата од напад од земјата или од вселенски брод на друга држава, без да ги спомене потенцијални напаѓачи.
„Додека постои потенцијална закана од таков напад, нашата влада ќе продолжи да ја разгледува можната улога, која оружјата во вселената можат да ја одиграат за време на нападот“, изјави Махонко на форум на Обединетите нации во Женева.
Белата куќа ќе ја објави новата вселенска програма во текот на овој месец. Некои американски експерти сметаат дека со тоа се сака да се нагласи решението на Пентагон да ги зачува постоечките вселенски проекти, како и да ја потврди доминацијата во вселената.
САД и Велика Британија се под притисок да ги прифатат меѓународните вселенски преговори, на форумот во Женева на кој учествуваат 65 земји. Двете земји се единствените што останаа во опозиција во врска со ова прашање.
Минатата недела Русија и Кина предупредија дека вселенското оружје е исто толкава закана како и оружјето за масовно уништување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

