Uncategorized
Баросо: ЕУ без устав нема да продолжи со ширењето

На Европската унија и е потребен устав за да може да функционира со сегашните членки, а и за да може да продолжи да се проширува.
На Европската унија и е потребен устав за да може да функционира со сегашните членки, а и за да може да продолжи да се проширува.
Ова денеска на прес конференција во Стразбур го изјави претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, според кого, јасно е дека нема проширување на земјите од западен Балкан или Турција пред новиот устав.
„Целосно е погрешно да се мисли дека ЕУ со 25, наскоро со 27, а во иднина со 30 членки, ќе може да функционира врз основа на Спогодбата од Ница. Тоа не е возможно, Ница не е доволна“, рече Баросо.
Претседателот на ЕК нагласи дека токму идните проширувања се главната причина за усвојување на уставот.
Лидерите на ЕУ во октомври 2004 година го потпишаа европскиот устав, кој треба да ја замени Спогодбата од Ница, врз чии принципи сега функционира ЕУ.
За да стапи уставот на сила треба да го ратификуваат сите земји членки, но процесот на ратификација западна во криза кога минатата година гласачите во Франција и Холандија на референдум го отфрлија уставот.
Прашањето на понатамошната судбина на уставот ќе биде тема на самитот на шефовите на држави или влади што утре и задутре ќе се одржи во Брисел.
Според најавите, се очекува шефовите на држави или влади да го продолжат „рокот за размислување“ за начинот на излегување од уставната криза, а можеби и да го утврдат рокот до кога би било постигнато решение.
Во Брисел, како можен датум се спомнува периодот меѓу 2008 и 2009 година, кога најрано би можело да биде постигнат договор за институционалните прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Турција: Нашата дипломатија го спречи доаѓањето на Нетанјаху на самитот во Египет

Турската влада соопшти дека Анкара одиграла клучна улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот за Газа во Египет.
„По иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган и благодарение на турските дипломатски напори, Нетанјаху нема да учествува на состанокот“, изјавил владин претставник за германската агенција „ДПА“.
Израел пак тврди дека Нетанјаху не отпатувал поради еврејскиот празник Симхат Тора, иако претходно беше најавено негово присуство.
Самитот во Шарм ел-Шеик го предводи американскиот претседател Доналд Трамп, а учествуваат најмалку 20 светски лидери.
Uncategorized
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.
На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.
Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.
Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.
Uncategorized
(Фото) Врската со 11 години помладиот маж ѝ годи: го промени и начиниот на облекување поради него

Каде и да се појави, Џесика Алба предизвикува воздишки. Таа привлекува големо внимание од јавноста и со својот приватен живот, бидејќи по разводот од Кеш Ворен, таа започна романса со колега кој е 11 години помлад од неа.
Но, не е само нејзиниот емотивен живот тој што доживеа ренесанса… Нејзиниот начин на облекување исто така значително се промени, а често ја гледаме една од најубавите актерки во смели комбинации.
Неодамна имавме можност да ја видиме во атрактивна комбинација, а сега таа прошета по улиците на Њујорк во шик комбинација инспирирана од „old money“ стилот.
Jessica Alba Seen Out to Dinner at The Old Rose in New York City 09-18-2025
-> https://t.co/7GqKwBMA18 pic.twitter.com/3y4asNMojt— Tha Starz (@thastarz) September 21, 2025
Таа носеше бела маица и јакна со златни копчиња, а на комбинацијата додаде и лежерни фармерки и бели потпетици. Може да се каже дека нејзиниот стил е комбинација од модерно и елегантно, и совршено ѝ стои.
Едно е сигурно – Џесика Алба процвета по разводот!
фото: принтскрин