Uncategorized
ТВ РАИ вмешана во скандалот со Виктор Емануел
Италијанската јавна телевизија РАИ соопшти дека воведува „превентивни мерки“, откако медиумите открија дека е замешана во скандалот со последниот италијански престолонаследник.
Италијанската јавна телевизија РАИ соопшти дека воведува „превентивни мерки“, откако медиумите открија дека е замешана во скандалот со последниот италијански престолонаследник.
„Треба да воведеме превентивни мерки. Не можеме главата да си ја ставиме под нож. Прашањето ќе биде разгледано на административниот совет“, изјави претседателот на РАИ Клаудио Петручиоли, откако беше откриено дека Салваторе Сотиле, портпаролот на лидерот на десницата Џанфранко Фини користел сексуални услуги преку девојките на принцот Виктор Емануел, а во замена им обезбедувал да се појавуваат во тв емисии на РАИ.
Сотиле, ваквите „услуги“ на младите девојки им ги обезбедувал преку заменик директорот за човечки ресурси на РАИ, кој ги ставал како водителки на различни говорни или забавни емисии.
Италијанските дневни весници денеска се преполни од стенограми на телефонски разговори на Сотиле, кој со наредба на обвинител се наоѓа во домашен притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.