Uncategorized
Садам Хусеин ќе се врати на власт со помош на САД ?
Поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин, планира да се врати на власт со помош на Соединетите Американски Држави(САД). Ова за Њујорк Тајмс, го изјавил еден од адвокатите на Хусеин.
Поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин, планира да се врати на власт со помош на Соединетите Американски Држави(САД).
Ова за Њујорк Тајмс, го изјавил еден од адвокатите на Хусеин, кој е уверен дека, Американците нема да можат да се справат со многуте терористички организации кои дејствуваат во Ирак.
Освен тоа, според Хусеин „американските сили во моментов се свесни за грешката што ја направија со апсењето, предавајќи ја власта во рацете на локалните шиити.
Ова смета, адвокатот на Садам, е причина повеќе Американците да побараат враќање на поранешниот ирачки диктатор, со цел тој да ги смири активностите на терористите во земјата, но и да постави бариера против влијанието на Иран во регионот.
Иако свесен дека смртната казна му е веќе потпишана и тоа во Вашингтон, Садам Хусеин, поради ваквите размислувања е сосема спокоен, и уверен дека таа нема да се реализира, објаснил неговиот адвокат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.