Uncategorized
Закани за убиство на војникот – Русија и Франција го осудија Израел
Палестинската вооружена група „Комитети за народен отпор" се закани дека ќе го убие киднапираниот израелски војник, ако израелската офанзива продолжи.
Палестинската вооружена група „Комитети за народен отпор" се закани дека ќе го убие киднапираниот израелски војник, ако израелската офанзива продолжи.
Заканата дојде откако изминатата ноќ израелската армија уапси 64 министри, пратеници и други официјални претставници на Хамас.
Францускиот министер за надворешни работи Филип Дуст-Блази ги осуди „апсењата на политички лица", откако Израел ги уапси високите функционери на Хамас.
"Се разбира, дека осудуваме секакви апсење на политички лица", рече Дуст-Блази во Москва, каде учествува на средбата на министрите на Г8.
Министерството за надворешни работи на Русија од друга страна соопшти дека го смета за неприфатливо нарушувањето од Израел на границите на други држави.
Нарушувањето на границите и воздушниот простор на други држави, во случајов на Сирија, е неприфатливо, изјави портпаролот на министерството Михаил Каминин.
Вчера израелски воени авиони прелетаа на мала височина над морето близу до сириското крајбрежје, а исто така и над дворецот на претседателот на Сирија Башар Асад во градот Латакија.
Израелските воени лица ја објаснија акцијата како предупредување поради поддршката која раководството на Сирија им ја дава на радикалните палестински групи, вклучително движењето Хамас.
Раководителот на политбирото на Хамас Халед Мешаал живее и работи во Дамаск.
/крај/бгнес/ил/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

