Uncategorized
ЕУ планира трговски преговори со Русија
Европската унија (ЕУ) има намера до 2007 година да започне преговори со Русија за спогодба за слободна трговија, најави денеска финскиот премиер Мати Ванханен.
Европската унија (ЕУ) има намера до 2007 година да започне преговори со Русија за спогодба за слободна трговија, најави денеска финскиот премиер Мати Ванханен.
“Одлуката за официјален почеток на преговорите Унијата ќе ја донесе по ноемврискиот самит ЕУ-Русија, а ќе се преговара во текот на 2007“, изјави Ванханен на прес-конференција, со која се означи почетокот на финското претседавање со ЕУ.
Претседателот на Европската комисија (ЕУ) Жозе Мануел Баросо повтори дека влезот на Русија во Светската трговска организација (СТO) е предуслов за билатерална спогодба меѓу Брисел и Москва.
Баросо не даде детали за договорот со Русија, иако аналитичарите наведуваат дека ваквата најава треба да биде поттик за Москва за соработка со Европа во секторот на енергија, како и еден вид на “притисок“ врз САД да се склучат билатерални договори со Русија за влез во СТО.
Европската комисија (ЕК) го одобри нацрт-преговарачкиот мандат за нов договор со Русија. Таа спогодба треба да го наследи Договорот за партнерство и соработка, што истекува на крајот од годината.
Брисел настојува да го убеди рускиот претседател Владимир Путин да се согласи на ратификација на Спогодбата за енергија, што би ја натерало Русија да ги отвори своите нафтоводи и гасоводи на потенцијалните корисници и ќе им овозможи поголема конкуренција на енергетскиот сектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.