Uncategorized
Армијата на САД го прекинува договорот со бившата компанија на Чејни
Армијата на САД го прекинува контроверзниот договор вреден повеќе милијарди долари со компанијата Халибартон, објави „Вашингтон пост“.
Армијата на САД го прекинува контроверзниот договор вреден повеќе милијарди долари со компанијата Халибартон, објави „Вашингтон пост“.
Одлуката за прекин на договорот со компанијата, чиј претседател беше актуелниот американски потпретседател Дик Чејни, доаѓа по неколкугодишните напади од критичарите, кои во договорот гледаа симбол на врските на корпорациите со политиката и профитирање од војната.
Според договорот, Халибартон има ексклузивни права да ја обезбедува американската војска ширум светот со широка лепеза на работи, вклучувајќи исхрана, сместување и комуникација на војниците со семејствата и пријателите дома.
Владините ревизори пронајдоа повеќе од една милијарда долари трошоци што се под знак на прашање. Извори наведуваат дека компанијата наплаќа 45 центи за лименка сода, двојно ги наплаќала оброците и дозволувала војската да се капе во загадена вода.
Претставниците на Халибартон упорно ги демантираа обвинувањата.
Новиот план на Пентагон ќе ја подели работата на три компании, кои ќе бидат избрани оваа есен, со четврта компанија најмена да ги следи перформансите на овие три компании. Халибартон ќе може да учествува на тендерот.
Договорот со Халибартон за обнова на нафтените услуги во јужен Ирак вреден до 1,2 милијарди долари, исто така нема да биде продолжен, одговори за весникот армискиот портпарол Дејв Фостер.
/крај/вп/ил/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.