Uncategorized
Бројот на жртви во Бомбај достигна 200
Најмалку 200 жртви, е најновиот биланс од седумте разорни експлозии што синоќа одекнаа во Бомбај, соопштија денеска индиските власти.
Најмалку 200 жртви, е најновиот биланс од седумте разорни експлозии што синоќа одекнаа во Бомбај, соопштија денеска индиските власти.
“Пронајдени се 200 тела“, потврди во локалниот Парламент заменикот-премиер на државата Махараштра.
Во нападите се повредени повеќе од 700 лица, а се стравува дека бројот на жртви не е конечен.
Експлозиите одекнаа во преполни возови во кои за време на најголемите сообраќајни турканици се превезуваа над 4.500 лица што е речиси три пати повеќе од предвидениот капацитет.
Никој, досега, не ја презел одговорноста за нападите, но се верува дека се организирани од кашмирски сепаратисти кои и претходно прибегнувале кон терористички напади врз индиски градови.
Индија, денеска, го повика северниот сосед Пакистан да ја “демонтира“ терористичката инфраструктура на своја територија, но се воздржа од директни обвинувања дека Пакистан, со кого води спор околу Кашмир, е одговорен за најновите терористички напади.
Њу Делхи верува дека кашмирските сепаратисти ги обучува, вооружува и финансира Исламабад.
Соопштението на индиското Министерство за надворешни работи уследи како одговор на изјавата на шефот на пакистанската дипломатија, кој сугерираше дека експлозиите во Бомбај се резултат на судирите во Кашмир.
“Сметаме дека е ужасно што министерот Куршид Махмуд настојува да го поврзе овој страшен и нехуман чин на тероризам против мажи, жени и деца, со наводно отсуство на решение во спорот меѓу Индија и Пакистан“, изјави портпаролот на индиското Министерство Навтеј Сарна.
Десетици милитантни групи се борат во Кашмир против индиските власти настојувајќи да го припојат овој мнозинско-муслимански регион кон Пакистан.
Бомбашките напади во Бомбај денеска ги осуди и НАТО кој на индиските власти им ја понуди помошта на меѓународната заедница во борба против тероризмот.
“НАТО е покрај Индија во овие тешки времиња. Го осудуваме тој варварски чин на најостар можен начин и жалиме за бесмисленото губење на невини животи“, наведе генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер.
Нападите во Бомбај претставуваат “директен предизвик за нашата заедничка безбедност и за основните демократски вредности што ги делиме со Индија“, наведува Шефер, во писмото упатено до индискиот амбасадор во Брисел.
/Крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

