Uncategorized
Либан бара помош да го разоружа Хезбулах
Либанскиот премиер Фуад Синиора ја повика меѓународната заедница да и помогне на неговата влада да ги разоружа милитантите од Хезбулах, истакнувајќи дека тоа може да се постигне единствено откако Израелците ќе се согласат на примирје.
Либанскиот премиер Фуад Синиора ја повика меѓународната заедница да и помогне на неговата влада да ги разоружа милитантите од Хезбулах, истакнувајќи дека тоа може да се постигне единствено откако Израелците ќе се согласат на примирје.
Синиора изјави дека смета оти зад герилското движење стојат Сирија и Иран.
“Светот би можел да помогне во разоружувањето на Хезбулах. Но, прво треба да се постигне примирје, бидејќи ништо нема да може да се стори додека продолжуваат израелските бомбардирања. Тоа може само да ја влоши ситуацијата”, рече Синиора во интервју за водечкиот италијански весник Кориере дела Сера,.
Премиерот смета дека Израел нема да ништо постигне обидувајќи се да ја уништи инфраструктурата на Хезбулах.
Синиора вели дека не е оптимист кога станува збор за можноста за итно примирје со оглед на фактот оти досегашните дипломатски иницијативи не биле следени од конкретни чекори./крај/хн/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.