Uncategorized
Чавез сака „воен сојуз“ со Лукашенко
Претседателот на Венецуела Уго Чавез денеска во Минск изрази солидарност на својот белоруски пријател, претседателот Александар Лукашенко и му предложи да создадат „Военоспособен сојуз“.
Претседателот на Венецуела Уго Чавез денеска во Минск изрази солидарност на својот белоруски пријател, претседателот Александар Лукашенко и му предложи да создадат „Военоспособен сојуз“.
„Тука стекнав нов пријател и ние треба заедно да создадеме еден општ военоспособен сојуз“, изјави Чавез при посетата на Белорусија. Предвидено е тој да ја посети Белоруската воена академија, како и една воена единица
/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
(Фото) Три минути молк пред Собранието на Македонија, протестот продолжува кон Обвинителството
Демонстрантите стигнаа до Собранието. Во тек е триминутен молк и тука.
Стотици граѓани со транспаренти во ист глас извикуваа „Убијци!“ и „Правда за Фросина!“.
„Секој еден може да е следен“ порачаа насобраните граѓани пред Законодавниот дом, додавајќи „Нема правда, нема мир“.
Родителите на Фросина и натаму се во првиот ред.
Оттука тие ќе се упатат кон Основното јавно обвинителство, а ќе завршат пред Кривичниот суд.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.