Uncategorized
Нови жртви во Либан
Најмалку седум лица, вклучувајќи жени и деца, загинаа изутрината во израелски ракетен напад врз куќа во градот Набатијах, на југот на Либан.
Најмалку седум лица, вклучувајќи жени и деца, загинаа изутрината во израелски ракетен напад врз куќа во градот Набатијах, на југот на Либан.
Aгенциите.пренесуваат дека се уште е нејасен поводот за израелскиот напад врз тој цивилен објект во кој е рането едно лице.
Паралелно со овој инцидент, израелските сили по жестоки борби денеска воспоставија контрола врз второ упориште на Хезболах во јужен Либан, јави израелското радио.
Според истиот извор, израелски војници и тенкови ја контролираат состојбата во градот Бинт Јбеил, откако минатата недела го зазедоа и стратешки важниот град Марун ал Рас.
Израелскиот премиер Ехуд Олмерт најави дека е одлучен во намерата за продолжување на офанзивата врз Хезболах во Либан.
“Ние го користиме основното право на самозаштита и ќе треба да ја продолжиме војната против Хезболах““, изјави Олмерт
Либан и синоќа беше цел на жестоки напади на израелската авијација која погодила повеќе од 40 цели, вклучувајќи и “комуникациски врски на Хезболах“ недалеку од пристаништето Тиреја.
/крај/х/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.