Uncategorized
Расизмот во Европа е во подем

Расизмот, ксенофобијата и крајно десничарскиот екстремизам се во подем во Европа, пишува денеска лондонскиот весник „Индипендент“.
Расизмот, ксенофобијата и крајно десничарскиот екстремизам се во подем во Европа, пишува денеска лондонскиот весник „Индипендент“.
Повикувајќи се на истражувања спроведени од дваесетина европски невладини организации, весникот наведува дека прво на удар на порастот на дискриминацијата и предрасудите е муслиманското население кое живее на стариот континент.
.
Невладините здруженија ги критикуваат владите, дека се откажале од борбата против расизмот, а нивните постојани политички реакции за терористичките напади, носат само потешкотии за етничките малцинства, пишува британскиот весник.
Според невладината „Европска мрежа против расизмот“,„недоволната политичка волја за борба против расизмот, понекогаш е и повеќе од очигледна“.
/крај/фк/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Макрон најави забрана за социјалните мрежи за деца под 15 години

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека ќе го забрани пристапот до социјалните медиуми за деца под 15 години доколку наскоро не се постигне напредок по ова прашање на ниво на Европската унија.
Одлуката следува по вчерашниот смртоносен напад од страна на ученици врз 31-годишен директор на училиште пред основно училиште во градот Ножан.
„Не можеме повеќе да чекаме“, рече Макрон во телевизиско обраќање на каналот „Франс 2“, пишува Политико од Брисел.
Тој истакна дека прекумерната употреба на социјалните мрежи меѓу децата е фактор на ризик и дека воведувањето контрола на возраста би можело да помогне во заштитата на младите луѓе.
Грција, со поддршка на Франција и Шпанија, веќе предводи иницијатива во рамките на ЕУ за ограничување на времето што тинејџерите го поминуваат на интернет, но Макрон сака Франција да преземе мерки дури и пред евентуалната заедничка европска одлука.
Макрон, исто така, најави дополнителни безбедносни мерки, вклучително и проверка на возраста на корисниците на страниците што продаваат ножеви преку интернет.
Тој најави големи казни и забрани за страниците што не се придржуваат.
„15-годишник повеќе нема да може да купи нож преку интернет“, рече претседателот.
Францускиот премиер, Франсоа Бајру, претходно изјави дека сака да ја забрани продажбата на ножеви на малолетници.
Француските власти веќе преземаат чекори за да ги принудат платформите како што се X, Reddit и Bluesky да спроведат проверка на возраста, третирајќи ги како страници со содржина за возрасни.
Uncategorized
Макрон со најава: ќе го забрани пристапот до социјални мрежи за деца под 15 години

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, објави дека ќе го забрани пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години доколку наскоро не се постигне напредок по ова прашање на ниво на Европската унија.
Оваа одлука следеше по вчерашниот смртоносен напад од страна на ученик врз 31-годишен училишен надзорник пред основно училиште во градот Ножан.
„Не можеме повеќе да чекаме“, рече Макрон во телевизиско обраќање на каналот „Франс 2“, пренесува бриселски „Политико“.
Тој истакна дека прекумерната употреба на социјалните мрежи меѓу децата е фактор на ризик и дека воведувањето контрола на старосната граница би можело да помогне во заштитата на младите луѓе.
Грција, со поддршка на Франција и Шпанија, веќе предводи иницијатива во рамките на ЕУ за ограничување на времето што тинејџерите го поминуваат на интернет, но Макрон сака Франција да преземе мерки дури и пред евентуалната заедничка европска одлука.
Макрон, исто така, најави дополнителни безбедносни мерки, вклучително и проверка на возраста на корисниците на веб-страниците што продаваат ножеви преку интернет.
Тој најави големи казни и забрани за сајтовите што не се придржуваат.
„Петнаесетгодишник повеќе нема да може да купи нож преку интернет“, рече претседателот.
Францускиот премиер Франсоа Баиро претходно изјави дека сака да ја забрани продажбата на какви било ножеви на малолетници.
Француските власти веќе преземаат чекори за да ги обврзат платформите како што се Ix, Reddit и Bluskaj да применуваат проверки на возраста, третирајќи ги како сајтови со содржина за возрасни.
Во Франција, на 7 јуни, стапија во сила мерките што ги обврзуваат порнографските сајтови да ја потврдат возраста на корисниците.
Како резултат на тоа, сајтот „Pornhub“ престана да работи во земјата, што предизвика ненадејно зголемување на употребата на VPN услуги што ја заобиколуваат геолокацијата, пренесува Танјуг.
Uncategorized
(Видео) Моќен ракетен систем „Искандер“ уништен во Русија, објавија Украинците

Украинското Министерство за одбрана објави дека моќен руски ракетен систем „Искандер“ е уништен во Русија.
„Украинските војници уништија руски ракетни системи ‘Искандер’. Еден руски ракетен фрлач експлодира, а два други веројатно се оштетени. Резултатите од нападот сè уште се утврдуваат“, објави украинското Министерство за одбрана.
Ukrainian warriors destroyed the russian Iskander missile systems 🔥
One russian missile launcher detonated, and two more were likely damaged.
The results of the strike are being clarified.📹: @GeneralStaffUA pic.twitter.com/ufP92F8SQX
— Defense of Ukraine (@DefenceU) June 5, 2025
Според повеќе извори, системот се наоѓал во регионот Брјанск во Русија и бил во активна служба. Се верува дека бил користен за таргетирање на Киев.