Uncategorized
Израел не го почитува сопствениот прекин на огнот
Израел денеска ја прекрши сопствената одлука за 48 часовен прекин на огнот, извршувајќи нови авио напади во јужен Либан.
Израел денеска ја прекрши сопствената одлука за 48 часовен прекин на огнот, извршувајќи нови авио напади во јужен Либан.
Израелската авијација претпладнето нападна позиции на шиитското милитантно движење Хезболах во реонот на селото Тајбех, во јужен Либан, соопшти воен портпарол.
„Нашите авиони дејствуваат во тој сектор како поддршка на пешадијата“, соопшти израелскиот воен извор.
Портпаролот наведе дека авијацијата дејствува изолирано, во ненаселени реони “за да спречи напади врз израелски копнени сили“.
Акцијата на израелската авијација уследи само неколку часови по ветувањето за дводневен прекин на огнот, за што повод беше бомбардирањето и загинувањето на над 50 цивили во Кана, како и веднаш по повикот од Советот за безбедност на Обединетите нации, за итно воспоставување примирје.
Израел во врска со барањето на ООН за примирје, одговори дека не може да се согласи на итен прекин на огнот и оти ќе ја прошири офанзивата против Хезболах, и покрај ветувањето за 48-часовен прекин на воздушните напади.
„Не смееме да се согласиме со прекин на огнот кој би бил веднаш применет“ – изјави министерот за одбрана на Израел Амир Перец. „Ако веднаш го прогласиме примирјето, екстремистите повторно ќе ги кренат главите и за неколку месеци ќе бидеме на старите позиции“ – изјави Перец пред парламентот.
Некои аналитичари, како оние од американската агенција „Стратфор“, сметаат дека причината за продолжување на израелското бомбардирање всушност е нивниот војнички неуспех, во блиц-криг операција да ги уништат позициите на Хезболах во јужен Либан.
Според „Стратфор“, ако Израел сега ги прекине операциите, ќе се најде во многу лоша позиција, бидејќи тоа ќе се смета како доказ оти непобедливоста на израелската армија била само мит.
/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

