Uncategorized
Украинскиот парламент гласа за новата влада
Украинскиот парламент денеска ќе гласа за кандидатурата Виктор Јанукович за нов премиер.
Украинскиот парламент денеска ќе гласа за кандидатурата Виктор Јанукович за нов премиер.
Ова синоќа го најави претседателот на парламентот Александар Мороз, кој рече дека во меѓувреме партиите треба да ја формираат новата коалиција, на која треба да се приклучи и блокот на претседателот на Украина Виктор Јушченко.
Прозападниот претседател вчера го номинира проруски ориентираниот Јанукович за премиер, во обид да се затвори четиримесечната политичка криза во земјата.
Партијата “Наша Украина“ на претседателот Јушченко, по ова потврди дека ќе биде дел од новата коалициона влада,
Коалицијата меѓу „Наша Украина“ и „Партијата на регионите“ на Јанукович е официјализирана со меморандум во кој се договорени неколку начела за иднината на Украина – унитарноста на државата, заеднички пазар, јазикот, но и референдум за прашањето за приклучување кон НАТО./крај/б/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.