Uncategorized
Стивна страдањето во Либан
Страдањата на цивилите во Либан започнато на 12 јули, стивнаа со молкот на оружјето кое започна изутрината во 5 часот по Гринич.
Страдањата на цивилите во Либан започнато на 12 јули, стивнаа со молкот на оружјето кое започна изутрината во 5 часот по Гринич.
Пред да стапи во сила примирјето на кое се согласија вчера Израел и Либан, т.е. шиитската група Хезболах, најмалку девет цивили го загубија животот во бомбардирањата на израелската авијација, кое траеше континуирано се до15 минути до почетокот на примирјето.
Прекинот на огнот е првиот чекор во процесот што предвидува и испраќање на 15.000 војници на ОН во јужен Либан, кои ќе ја набљудуваат имплементацијата на примирјето.
Во процесот на имплементација најпрво треба да се распоредат десетина илјади либански трупи во јужен Либан, од каде треба да се повлечат сите вооружени групи на Хезболах. Овие сили треба да бидат засилени со меѓународни сили, така што примирјето би го обезбедувале околу 15 илјади заеднички либанско-меѓународни трупи, под покровителство на Обединетите нации.
Висок функционер на ООН изјави дека би можеле да поминат месеци пред да бидат распоредени меѓународните сили. Но, Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Хавиер Солана, изјави денеска дека земјите членки на ЕУ би можеле да испратат заеднички сили веќе во следните неколку недели.
Во меѓувреме е забележано и повлекување на израелските трупи, кои на фронтот во Либан распоредија околу 30 илјади војници, со сета можна воена опрема и техника.
Сепак, извесен бој на израелски војници се очекува да останат. „Не можете така лесно да преминете од црно на бело. Мора да постои извесен период на сиво“, изјави генерал Бени Гантц, командант на израелските копнени сили.
Израелскиот кабинет вчера ја одобри резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот и испраќање на сили. Либанската влада и Хезболах, исто така, ја прифатија резолуцијата.
Борбите започнаа на 12 јули кога герилците на Хезболах киднапираа двајца израелски војници, по што Израел започна голема офанзива и навлезе длабоко во либанска територија.
Од двете страни е забележан голем број жртви. Според либанската Влада и други извори, во Либан од страна на израелската војска се убиени околу 1.100 лица, најголемиот дел од нив цивили.
Израелците пак, имаат загуби од 114 војници и 43 цивили. Во Либан околу 1 милион лица мораа да се иселат и да бегаат во северниот дел на земјата.
Израел пак, пријави дека околу 500. илјади цивили се раселиле од северниот дел на земјата стравувајќи од секојдневните одмазднички ракети на Хезболах кои паѓаа врз дел од израелските градови.
Материјалните штети во двете земји изнесуваат неколку милијарди долари, со тоа што, најголемиот дел отпаѓа на Либан, каде се уништени огромни инфраструктурни објекти.
/крај/б/ил/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

