Uncategorized
Ал Завахри одговорен за планираните напади во Британија

Вториот човек на Ал Каеда, Ајман Ал Завахри, најверојатно бил “мозокот“ на терористичките напади што британската полиција во последен момент ги спречи минатата недела.
Вториот човек на Ал Каеда, Ајман Ал Завахри, најверојатно бил “мозокот“ на терористичките напади што британската полиција во последен момент ги спречи минатата недела.
Ова денеска за агенцијата Асошиејтед прес го изјави пакистански безбедносен извор, кој побарал да остане анонимен.
Според последните резултатите од истрагата на пакистанските власти, задолжен за планирање на нападите и регрутирање луѓе за нивно извршување бил Британецот Рашид Рауф, кој беше уапсен во Пакистан.
Анонимниот пакистански извор навел дека Рауф, британски државјанин со авганистанско потекло, бил уапсен минатата недела во рамки на истрагата за заговорот за терористички напади во патнички авиони на дестинации од Велика Британија до Соединетите Американски држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
(Фото) Ана Ивановиќ јавно ѝ се обрати на својата мајка: Среќен роденден на најпрекрасната и најинспиративна жена на светот

Мајката на Ана Ивановиќ вчера го прослави роденденот, а српската тенисерка јавно ѝ се обрати на социјалните мрежи со заедничка фотографија, на која блескаа во бело издание.
„Среќен роденден на најпрекрасната и најинспиративна жена на светот. Многу те сакам!, напиша Ана.
Ана отсекогаш велела дека мајка ѝ била нејзина најголема поддршка во сите времиња и дека тие две се исклучително блиски.
Иако Драгана не сака да се експонира, често можеме да ја видиме на профилот на ќерка си кога тенисерката пишува пофалби за неа и покажува колку многу ѝ значи таа врска.
Uncategorized
Во обилните дождови во Пакистан загинаа над 300 луѓе

Пакистански спасувачи на северот од земјата денеска вадат затрупани тела од урнатини, кал и буици, каде што невообичаено интензивен монсунски дожд за само 48 часа предизвика смрт на над 320 лица.
Во текот на изминатите два дена, смртоносни поројни дождови погодија неколку области на планинската северна покраина Хајбер-Пахтунхва, каде што се регистрирани 307 смртни случаи, половина од сите смртни случаи оваа сезона на монсуни, покажуваат податоците на Управата за управување со катастрофи.
Повеќето од жртвите беа однесени од поројните поплави и починаа кога нивните куќи се урнаа, од електричен удар или удари од гром.
Во оваа покраина што граничи со Авганистан и каде што сè уште има обилен дожд, повеќе од 2.000 спасувачи работат на пронаоѓање преживеани или извлекување на тела закопани под урнатините, изјави денеска Билал Ахмад Фаизи, портпарол на службата за спасување на покраината, пренесен од француските медиуми.
-Обилните дождови, лизгањето на земјиштето и блокираните патишта го отежнуваат пристапот на амбулантните возила, а спасувачите се движат пешки, додаде тој.
Uncategorized
(Фото) По разводот, Ана Ивановиќ не може да ја симне насмевката од лицето, се јави од Мајорка

Српската тенисерка Ана Ивановиќ овие денови максимално го ужива летото судејќи според нејзините објави на „Инстаграм“.
Таа објави неколку фотографии на социјалните мрежи. Позира на плажа и во еден бар, облечена во кафеав фустан од Poupette St Barth со шапка од Hermès и очила за сонце Celine.
Пред тоа таа се пофали и со фотографии од плажа покажувајќи како се сонча и излегува со пријателите, но и дека не ја заборавила својата најголема љубов – тенисот. На сите фотографии во последно време Ивановиќ не симнува насмевка од лицето.
View this post on Instagram
Адвокатот на Ана Ивановиќ, Кристијан Шерц, потврди во изјава за германскиот весник „Билд“ кон крајот на минатиот месец дека поранешната српска тенисерка и светскиот шампион во фудбал, Бастијан Швајнштајгер, се разделиле. Во писмото, кое го доби и германската новинска агенција ДПА, се наведува дека раскинувањето се должи на непомирливи разлики“.
фото: принтскрин