Uncategorized
Напад во колеџ во Монтреал, четворица загинати
Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети, од кои шест се во критична состојба, откако дошло до вооружен напад во колеџот „Давсон“ во Монтреал, соопшти локалната полиција.
Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети, од кои шест се во критична состојба, откако дошло до вооружен напад во колеџот „Давсон“ во Монтреал, соопшти локалната полиција.
Првичните информации се дека нападот го извршил вооружен напаѓач кој бил застрелан од полициските сили, но канадските медиуми јавија дека нападот можеби бил извршен од повеќе лица.
Според изјави на сведоци, имало тројца напаѓачи кои биле облечени во маскирни униформи, биле пострижени со „ирокези“ фризура, а на лицето имале и пирсинг. Меѓу нив студентите наводно препознале еден свој колега.
Еден од сведоците тврди дека слушнал 20 одделни истрели, а полицијата веднаш го опколила колеџот со специјалци и кучиња, и ја пребарува зградата во потрага по евентуални жртви.
Во моментот на пукањето во колеџот имало 3.000 студенти, а според полициски извори, повеќето од нив излегле.
Сведоците тврдат дека во полициската акција еден од напаѓачите бил убиен, вториот се самоубил, додека по третиот се трага.
Ова не е прв случај на напад на образовна установа во Канада. На 6 декември 1989 година Марк Лепин, син на алжирски емигрант кој патолошки ги мразел феминистките, влегол во училиштето „Екол Појтечинкви“ и застрелал 13 студентки и една професорка, по што се самоубил.
Колеџот „Давсон“ е единствената образовна институција од тој тип на англиски јазик во претежно франкофонскиот Монтреал.
/крај/ин/ст/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.