Uncategorized
Папата немал намера да навреди – Муслиманите не му веруваат
Поглаварот на Римо-Католичката црква денеска одрече дека имал намера да го навреди Исламот, но муслиманскиот свет не верува, продолжувајќи со протестите.
Поглаварот на Римо-Католичката црква денеска одрече дека имал намера да го навреди Исламот, но муслиманскиот свет не верува, продолжувајќи со протестите.
Говорејќи во Германија на еден научен собир пред два дена, папата Бенедикт XVI цитираше дијалог помеѓу византискиот император Мануел II Палеолог и еден учен Персиец, воден во Истанбул во 14 век.
Притоа, Императорот му рекол на Персиецот: „Покажи ми што е тоа што Мухамед донесе ново и ќе видиш дека тоа е само зло и нехуманост, како што се и неговите зборови дека со меч ќе ја спроведе верата што ја проповеда“.
Овој цитат од делот на говорот на Папата предизвика многу негативни реакции и протести ширум муслииманскиот свет, кои започнаа до синоќа.
Папата немаше намера да го навреди Исламот, соопшти денеска Ватикан во обид да ги намали негативните реакции.
„Сигурно дека намерата на папата не беше да ги навреди чувствата на Муслиманите, туку да укаже на преиспитување на Џихадот (светата војна), и она што во врска со тоа го мислат Муслиманите“ – соопшти денеска главниот портпарол на Ватикан Федерико Ломбарди.
Протестите, меѓутоа, се шират во муслиманскиот свет, а меѓу реакциите се бележат и загрижувачки оценки на официјалните власти во Пакистан, Индија, Индонезија, како и од Организацијата на Исламската конференција.
Пред нецела година Христијанството и Муслиманството се најдоа во жесток судир предизвикан од карикатурите објавени во еден дански дневен весник, кој го прикажуваше Пророкот Мухамед како терорист.
Протестите и немирите кои трае со недели во повеќето муслимански земји, стивнаа дури откако уредништвото на весникот им се извини
на Муслиманите.
Данска, меѓутоа, соопшти пред неколку дена дека вкупниот извоз на земјата во првата половина од годината опаднал за 15 проценти, како резултат на намалувањето на извозот во Арапскиот свет, кој се уште ги бојкотира данските производи.
/крај/ббц/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

