Uncategorized
Шостакович и Мусоргски со Македонската филхармонија

Утревечер во Домот на армијата на Македонија, со почеток од 20 часот, Македонската филхармонија ќе одржи симфониски концерт под диригенство на Иван Репушиќ од Хрватска. Како солист ќе настапи виолинистот Љубиша Кировски, а ќе биде изведено делото „Концерт за виолина и оркестар бр. 1“ од Дмитри Шостакович и „Слики од изложба“ на Модест Мусоргски
Иван Репушиќ своето диригирање го усовршува на мајсторски курсеви кај реномирани диригенти, меѓу кои Казуши Оно, Јорна Панула, Роналд Золман и др. Во 2001 година Загребската филхармонија во соработка со Американ експрес му доделува награда за најдобар млад музичар. Неговата континуирана соработка со Загребската филхармонија му носи турнеја со оркестарот во Jапонија во 2005. Диригира со Симфонискиот оркестар на ХРТ, Симфонискиот оркестар од Дубровник, Хрватскиот камерен оркестар, Софискиот фестивалски оркестар, Сараевската филхармонија, Симфонискиот оркестар на Куопио (Финска), Оркестарот на операта од Хановер и др. Репушиќ го очекува деби со Чешката национална филхармонија во Прага. Инаку предава на Унивезритетот за уметности во Сплит.Љубиша Кировски дипломира и магистрира на Музичката академија во Скопје. Специјализира виолина и камерна музика на Еврпската Моцарт Академија во Варшава. како активен концертен музичар настапува со Македонската филхармонија во Скопје и на гостувања во Софија, Сараево, Шведска. Настапува и како солист со оркестарот на Санкт Петербушката капела. како камерен музичар настапува со квартетот „Гајдов“ низ Македонија, Германија, Турција, Романија и со триото „МАК“ во Лондон. За оваа година се планира издавање на 3 ЦД- а со концерти во живо. Работи како вонреден професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје и водач на гудачкиот квартет „Гајдов“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
(Фото) Ана Ивановиќ јавно ѝ се обрати на својата мајка: Среќен роденден на најпрекрасната и најинспиративна жена на светот

Мајката на Ана Ивановиќ вчера го прослави роденденот, а српската тенисерка јавно ѝ се обрати на социјалните мрежи со заедничка фотографија, на која блескаа во бело издание.
„Среќен роденден на најпрекрасната и најинспиративна жена на светот. Многу те сакам!, напиша Ана.
Ана отсекогаш велела дека мајка ѝ била нејзина најголема поддршка во сите времиња и дека тие две се исклучително блиски.
Иако Драгана не сака да се експонира, често можеме да ја видиме на профилот на ќерка си кога тенисерката пишува пофалби за неа и покажува колку многу ѝ значи таа врска.
Uncategorized
Во обилните дождови во Пакистан загинаа над 300 луѓе

Пакистански спасувачи на северот од земјата денеска вадат затрупани тела од урнатини, кал и буици, каде што невообичаено интензивен монсунски дожд за само 48 часа предизвика смрт на над 320 лица.
Во текот на изминатите два дена, смртоносни поројни дождови погодија неколку области на планинската северна покраина Хајбер-Пахтунхва, каде што се регистрирани 307 смртни случаи, половина од сите смртни случаи оваа сезона на монсуни, покажуваат податоците на Управата за управување со катастрофи.
Повеќето од жртвите беа однесени од поројните поплави и починаа кога нивните куќи се урнаа, од електричен удар или удари од гром.
Во оваа покраина што граничи со Авганистан и каде што сè уште има обилен дожд, повеќе од 2.000 спасувачи работат на пронаоѓање преживеани или извлекување на тела закопани под урнатините, изјави денеска Билал Ахмад Фаизи, портпарол на службата за спасување на покраината, пренесен од француските медиуми.
-Обилните дождови, лизгањето на земјиштето и блокираните патишта го отежнуваат пристапот на амбулантните возила, а спасувачите се движат пешки, додаде тој.
Uncategorized
(Фото) По разводот, Ана Ивановиќ не може да ја симне насмевката од лицето, се јави од Мајорка

Српската тенисерка Ана Ивановиќ овие денови максимално го ужива летото судејќи според нејзините објави на „Инстаграм“.
Таа објави неколку фотографии на социјалните мрежи. Позира на плажа и во еден бар, облечена во кафеав фустан од Poupette St Barth со шапка од Hermès и очила за сонце Celine.
Пред тоа таа се пофали и со фотографии од плажа покажувајќи како се сонча и излегува со пријателите, но и дека не ја заборавила својата најголема љубов – тенисот. На сите фотографии во последно време Ивановиќ не симнува насмевка од лицето.
View this post on Instagram
Адвокатот на Ана Ивановиќ, Кристијан Шерц, потврди во изјава за германскиот весник „Билд“ кон крајот на минатиот месец дека поранешната српска тенисерка и светскиот шампион во фудбал, Бастијан Швајнштајгер, се разделиле. Во писмото, кое го доби и германската новинска агенција ДПА, се наведува дека раскинувањето се должи на непомирливи разлики“.
фото: принтскрин