Uncategorized
Придњестровље изгласа отцепување од Молдавија
Жителите на молдавската провинција Придњестровље изгласа отцепување од Молдавија и повторно припојување кон Русија.
Жителите на молдавската провинција Придњестровље изгласа отцепување од Молдавија и повторно припојување кон Русија.
Како што соопшти денеска Централната изборна комисија на Придњестровље, на референдумот оддржан вчера излегле 78,6 отсто од вкупно запишаните 390.000 гласачи, од што 97,1 отсто побарале припојување кон Русија
Меѓународната заедница соопшти дека не го признава Придњестровље за Република и дека резултатите од референдумот немаат никакво правно значење.
Аналитичарите се во исчекување на реакциите на Москва, која, иако, не го признава официјално Придњестровље, веќе 16 години го помага политички и финансиски, а има стационирано 1,400 војници, по конфликтот во 1992 година помеѓу локалното население и Молдавија.
Придњестровље во 1992 година, во времето на распадот на Советскиот сојуз, прогласи отцепување од Република Молдавија, при што дојде до воени судири и жртви. Досега никој ја нема признато независноста на територијата на Придњестровље, каде што мнозинството жители зборуваат руски.
Придњестровље зазема осмина од територијата на Молдавија, но во него е лоцирана 40 отсто од молдавската индустрија.
Поголемиот дел индустриски комплекси во Придњестровље се во рацете на руските приватни инвеститори, вклучувајќи железара и хидроцентрала.
/крај/
х/ап/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.