Uncategorized
Јоко Оно и Џон Балдесари ќе ги добијат Златните лавови во Венеција

На 53 – то биенале во Венеција кое ќе се одржи од 7 јуни до 22 ноември, наjпрестижната награда – Златен лав за животно дело ќе им бидат доделени на Јоко Оно и Џон Балдесари, како едни од најзначајните уметници на нашето време. Официјалното доделување ќе се одржи на 6 јуни на отворањето на 53 – та Интернационална изложба, насловена „Градење светови“
„Овие двајца уметници ги открија новите поетски, концептуални и општествени можности за сите уметници во светот“, истакна директорот на манифестацијата Даниел Бирнбаум, истовремено потенцирајќи дека Јоко Оно и Џон Балдесари го променија нашето размислување за уметноста и нејзините врски со стварноста во која живееме. Нивните дела направија револуција во уметничкиот јазик и ќе остане извор за инспирација на идните генерации.Јоко Оно, вдовицата на Џон Ленон, е родена во Токио, 1933 и е една од клучните фигури на поствоената уметност. Таа е пионер кога станува збор за концептуалната уметност и перформансот како уметнички израз и е еден од највлијателните уметници на современото доба. Таа има развиено уметнички стратегии кои подеднакво се прифатени и во родната Јапонија и на Западот.Џон Балдесари е роден во Калифорнија, во 1931 година. Како еден од најзначајните визуелни уметници на 20 век има развиено сопствен јазик во многу уметнички дисциплини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
(Фото) Ана Ивановиќ јавно ѝ се обрати на својата мајка: Среќен роденден на најпрекрасната и најинспиративна жена на светот

Мајката на Ана Ивановиќ вчера го прослави роденденот, а српската тенисерка јавно ѝ се обрати на социјалните мрежи со заедничка фотографија, на која блескаа во бело издание.
„Среќен роденден на најпрекрасната и најинспиративна жена на светот. Многу те сакам!, напиша Ана.
Ана отсекогаш велела дека мајка ѝ била нејзина најголема поддршка во сите времиња и дека тие две се исклучително блиски.
Иако Драгана не сака да се експонира, често можеме да ја видиме на профилот на ќерка си кога тенисерката пишува пофалби за неа и покажува колку многу ѝ значи таа врска.
Uncategorized
Во обилните дождови во Пакистан загинаа над 300 луѓе

Пакистански спасувачи на северот од земјата денеска вадат затрупани тела од урнатини, кал и буици, каде што невообичаено интензивен монсунски дожд за само 48 часа предизвика смрт на над 320 лица.
Во текот на изминатите два дена, смртоносни поројни дождови погодија неколку области на планинската северна покраина Хајбер-Пахтунхва, каде што се регистрирани 307 смртни случаи, половина од сите смртни случаи оваа сезона на монсуни, покажуваат податоците на Управата за управување со катастрофи.
Повеќето од жртвите беа однесени од поројните поплави и починаа кога нивните куќи се урнаа, од електричен удар или удари од гром.
Во оваа покраина што граничи со Авганистан и каде што сè уште има обилен дожд, повеќе од 2.000 спасувачи работат на пронаоѓање преживеани или извлекување на тела закопани под урнатините, изјави денеска Билал Ахмад Фаизи, портпарол на службата за спасување на покраината, пренесен од француските медиуми.
-Обилните дождови, лизгањето на земјиштето и блокираните патишта го отежнуваат пристапот на амбулантните возила, а спасувачите се движат пешки, додаде тој.
Uncategorized
(Фото) По разводот, Ана Ивановиќ не може да ја симне насмевката од лицето, се јави од Мајорка

Српската тенисерка Ана Ивановиќ овие денови максимално го ужива летото судејќи според нејзините објави на „Инстаграм“.
Таа објави неколку фотографии на социјалните мрежи. Позира на плажа и во еден бар, облечена во кафеав фустан од Poupette St Barth со шапка од Hermès и очила за сонце Celine.
Пред тоа таа се пофали и со фотографии од плажа покажувајќи како се сонча и излегува со пријателите, но и дека не ја заборавила својата најголема љубов – тенисот. На сите фотографии во последно време Ивановиќ не симнува насмевка од лицето.
View this post on Instagram
Адвокатот на Ана Ивановиќ, Кристијан Шерц, потврди во изјава за германскиот весник „Билд“ кон крајот на минатиот месец дека поранешната српска тенисерка и светскиот шампион во фудбал, Бастијан Швајнштајгер, се разделиле. Во писмото, кое го доби и германската новинска агенција ДПА, се наведува дека раскинувањето се должи на непомирливи разлики“.
фото: принтскрин