Uncategorized
Промовирани „Преводи на литература и дела на автори добитници на Нобеловата награда“
Во Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје денес свечено беа промовирани првите десет томови на писатели-нобеловци на македонски јазик
Книгите беа претставени од директорот на НУБ, Миле Бошески и академик Влада Урошевиќ, а свое обраќање до присутните имаа и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и премиерот Никола Груевски. Директорот Бошески се фокусираше на учеството на НУБ во овој проект, институција која е чувар на колективната меморија на македонскиот народ. „Со задоволство можам да соопштам дека многу набргу, повторно ќе бидеме непосредни учесници во уште еден значаен проект, а тоа е изградбата и пуштањето во употреба на дигиталната библиотека, единствен објект од ваков вид на поширокиот простор во Југоисточна Европа“, истакна Бошески. По проектот „130 тома македонска книжевност“ и книжевностите од албанската и турската заедница, преводот на делата и авторите добитници на Нобеловата награда ќе биде уште еден значаен дел од нашиот придонес кон општиот цивилизациски развој на човештвото.„Верувавме во иста цел, да ја пополниме евидентната празнина во македонската култура и литература, да ги доближиме делата на македонските автори и нобеловците до македонската читателска публика“, истакна во својот говор Канческа – Милевска.
Со ова Македонија се доближува до развиените култури и литератури од Европа и светот и секој македонски читател ќе има можност да ги прочита најзначајните дела создавани во последните 100 години, а издавањето на овие дела ќе претставува репер за натамошните развојни процеси на литературата во Македонија. Во меѓувреме, Министерството за култура работи на уште еден значаен проект – „Превод на 30 стручни и научни книги“ на македонски јазик, напишани од странски автори од областа на ликовната, музичката, театарската и филмската уметност, архитектурата, археологијата, етнографијата, музеологијата и библиотекарството, како и на објавувањето антологии на македонскиот роман, расказ и поезија на англиски јазик.
Академик Влада Урошевиќ ја сподели својата огромна желба и надеж дека во иднина сета македонска книжевна и научна јавност ќе се радува на фамозната телеграма со која ни јавуваат дека наш, македонски писател е добитник на најзначајната литературна награда.
„Владата на Република Македонија како главен спонзор на овој проект во иднина уште повеќе ќе работи на ова поле, со што на македонската читателска публика ќе и‘ ја доближи светската книжевна ризница“, потенцираше премиерот Груевски.Целиот овој проект ќе биде заокружен до крајот на 2009 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

