Uncategorized
Кино дистрибуција на „Јас сум од Титов Велес“ во Франција
Филмот „Јас сум од Титов Велес“ на Теона Митевска започнува со француската дистрибуција која ќе се одвива во 8 градови во Франција
Во Париз ќе се прикажува во 3 кино сали. Во култното Reflet Medicis, каде што е премиерата и ќе остане на репертоарот 4 недели, а во останатиот дел од Франција ќе се прикажува до крајот на мај.
„Јас сум од Титов Велес“ е пречекан со одушевување во францускиот печат и е најавен во повеќе од 20 највлијателни весници и часописи во Франција. Во едно од највлијателните светски филмски списанија Cahiers du cinema, кое се смета за Библија на светската кинематографија, започнато од француските автори Годар, Трифо и Саброл, се вели: „Едно од најзачудувачките изненадувања на Канскиот фестивал 2008, а вклучен во програмата ACID, е вториот игран филм на Теона Митевска. Дистрибуцијата на филмот го потврдува мајсторството на младиот македонски филмски автор чија енергична визија и убавина го одзема здивот, вкоренета во минатото на поранешна Југославија за да може подобро да ги преиспита кинематографските можности, тематски и стилистички“.Француското издание на најчиатниот филмски магазин Premier, за авторката вели: „…остриот поглед на младиот режисер и прекрасното светло на директорот на фотографија ни нудат слики со трајна привлечност“.Месечникот Brazil специјализиран за филмската уметност, чиј основач е Тери Гилијам, вели: „…„Јас сум од Титов Велес“ без сомнение е близу до ремек-дело, зборува за суштината на животот, без било кога да западне во некакво клише. Ви ја симнувам капата госпоѓице Митевска“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Uncategorized
Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога
Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.
Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.
Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.
„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.
На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.
„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.
Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.
Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.
„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.

