Uncategorized
Борис Трајанов на турнеја низ Македонија
Целта на турнејата е откривање на локалните таленти, внесување нови елементи во музичката едукација…
По бројните концерти низ целиот свет, најпознатиот македонски оперски пеач Борис Трајанов, во придружба на Младинскиот мандолински оркестар од Скопје, почнува концертната турнеја низ Македонија, насловена „На квалитетни културни настани има право цела Македонија! “. √ Велес – 15.05.2009 (петок) во салата Бели мугри √ Струмица – 29.03.2009 (недела) во Домот на култура √ Дебар – 03.04.2009 (петок) во Домот на култура √ Битола – 06.04.2009 (понеделник) во Домот на култура √ Крива Паланка – 08.04.2009 (среда) во Домот на култура √ Кичево – 10.04.2009 (петок) во Домот на култура √ Охрид – 12.04.2009 (недела) во Домот на култура √ Тетово – 15.04.2009 (среда) во Домот на култура √ Куманово – 22.04.2009 (среда) во Домот на култура √ Кавадарци – 24.04.2009 (петок) во Домот на култура √ Пехчево – 26.04.2009 (недела) во Домот на култура √ Пробиштип – 29.04.2009 (среда) во Домот на култура √ Богданци – 03.05.2009 (недела) на отворено √ Гостивар – 06.05.2009 (среда) во Домот на култура √ Струга – 08.05.2009 (петок) во Домот на култура √ Кратово – 10.05.2009 (недела) на отворено √ Берово – 12.05.2009 (вторник) на отворено Диригенти на концертите ќе бидат Рамадан Шукри и м-р Ерхан Шукри. Освен концертите, Маестро Борис Трајанов ќе одржува едукативни часови за операта на учениците од локалните училишта во градовите, каде ќе се одржуваат концертите. Цели на оваа турнеја се: откривање на локални таленти, внесување на нови елементи во музичката едукација, подигнување на квалитетот на културните настани во внатрешноста на РМ, збогатување на културната понуда во градовите каде ќе се одржат концертите, децентрализација на квалитетни музички настани од центарот Скопје во внатрешноста на РМ. Покровители на оваа грандиозна турнеја се министерствата за Култура и Образование и наука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

