Uncategorized
Работилница и отворена презентација на НОМАД Танц Академија со Изабел Шад
Предавањата и работилниците на НОМАД Танц Академија се заокружуваат со презентацијата на познатата кореографка Изабел Шад од Германија
Отворената презентација е наменета да се презентира методот на работа на оваа истакната кореографка од Германија, и ќе се одржи во просториите на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ на 28 Март (сабота) во 11.30 часот.Петдневната работилница (23 – 27 март) наловена „Logic of Sensation“, наоѓа теоретска подлога во истоименото дело на Жил Делуз (Gilles Deleuze). Земајќи ги во предвид теоретските истражувања на Делуз преку работилницата практично се работи на можноста за претставување на телото како цртеж и неговите потенцијали за апстракција.Работилницата е базирана на телесна практика која отвора нови перспективи на истражување и перцепција на сопственото тело. Истражувањата се базирани на техники на допир и реконструирано движење, работење на фокусот, визуелизацијата, режирани слики и игра. Симулација или фокусиран допир кој помага при идентификација на промени во перцепцијата, состојбата на генералното чувство за себе, внатрешната и надворешна свесност.Во работилницата посебен акцент е ставен на односот на телото со надворешната средина и комуникацијата со неа. Откривање на тоа каде завршува телото и започнуваат неговите екстензии (објекти, костими..). Преку неа се испитуваат можните врски помеѓу телото и околината како негово продолжение – телото и неговото место во просторот, неговата врска со ритамот, неговата улога како музички инструмент.Работилницата е посвета исто така на процесот на учење; како ги примаме информациите било поврзани со одредено телесно доживување или надвор од него. Како преминуваме од една во друга телесна состојба и како стануваме свесни за оваа промена. Ново-стекнатите сознанија и откритија водат во нови форми на индивидуални и групни креации кои исто така ќе бидат претставени во рамките на Отворената презентација која ќе се одржи во сабота на 28 март, со почеток во 11: 30 во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”.По завршување на студиите по класичен балет, Изабел Шад работи со различни класични танцови компании, истовремено надградувајќи го своето знаење во областа на танцот преку посетување на бројни работилници и едукативни програми. Како изведувач, била дел од групата „Ultima Vez / Wim Vandekeybus“, а работела и со Олга Меса и Ештер Саламон. Од 1999 година, развива авторски проекти со кои се преставува на интернационалната танцова сцена. Има добиено повеќе награди, признанија и учествувано на различни уметнички резиденции. Во 2003 започнува да работи со Бруно Почерон и Бен Андерсон на проект наречен „The Good Work-Project”, замислен како уметничка мрежа која ги истражува нехиерархиските работни методи. Во 2007 година води менторски проект во Tanztage – Берлин. Таа е дел од проектот „Praticable“.Во нејзината работа таа го истражува односот помеѓу телото, неговиот говор и репрезентација. Таа се фокусира на работни методи кои дозволуваат размена на идеи, искуства и знаење како инструменти на циркулација и континуирана акумулација на нови практики и соработки со други уметници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

