Uncategorized
„Женидба“ на Битолски театар за 200-годишнината од раѓањето на Гогољ

Македонскиот народен театар се вклучува во светското одбележување на годишнината од раѓањето на рускиот сатиричар и драматург Николај Василевич Гогољ
За јубилејот од раѓањето на Гогољ (Сорочинци, Полтава, 1809), на сцената на МНТ утревечер ќе гостува Битолскиот народен театар со Гогољевата „Женидба“ во режија на Лилија Абаџиева од Бугарија. Директорот на МНТ Сашо Миленковски денеска на прес-конференција соопшти дека пред утрешната изведба, во МНТ ќе биде поставена и изложба посветена на Гогољ, конципирана во соработка со Здружението на Русите во Македонија „Чајка“.„ Актерите го сакаат Гогољ зашто неговите ликови се совршено извајани карактери. За режија на неговиот „Ревизор“, на пример, е потребно големо искуство, зашто тоа е најсовршената пиеса“, рече Миленковски. Има дилеми дали е тој Русин или Украинец но, нагласи Миленковски, Гогољ е наследство на целиот свет и ги надминува границите. Дека годишнината од неговото раѓање не е важна само за Русите, говори и фактот што УНЕСКО ја прогласи 2009-та за година на Гогољ. Елена Силјанова, претседателка на „Чајка“ и раководителка на Руската читалница во НУБ „Св. Климент Охридски“, рече дека на изложбата за Гогољ ќе бида претставен сиот материјал поврзан со претстави од авторот одиграни во сите македонски театари.„Изложбата не е голема, но е носталгично потсетување на неговото творештво. Таа ќе биде кратка ретроспектива на сите претстави, нивните плакати и датумите кога биле изведени на сцените во Македонија“, истакна Силјановска.Идејата за поставувањето на изложбата во чест на Гогољ е реализирана во соработка со режисерката Наташа Поплавска која, како што рече, и самата половина Русинка сакала да придонесе за големиот настан. Здружението „Чајка“ јубилејот ќе го чествува во текот на целата 2009-та со други активности кои, како и овој, ќе бидат поддржани од Амбасадата на Руската Федерација во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Турција: Нашата дипломатија го спречи доаѓањето на Нетанјаху на самитот во Египет

Турската влада соопшти дека Анкара одиграла клучна улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот за Газа во Египет.
„По иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган и благодарение на турските дипломатски напори, Нетанјаху нема да учествува на состанокот“, изјавил владин претставник за германската агенција „ДПА“.
Израел пак тврди дека Нетанјаху не отпатувал поради еврејскиот празник Симхат Тора, иако претходно беше најавено негово присуство.
Самитот во Шарм ел-Шеик го предводи американскиот претседател Доналд Трамп, а учествуваат најмалку 20 светски лидери.
Uncategorized
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.
На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.
Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.
Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.
Uncategorized
(Фото) Врската со 11 години помладиот маж ѝ годи: го промени и начиниот на облекување поради него

Каде и да се појави, Џесика Алба предизвикува воздишки. Таа привлекува големо внимание од јавноста и со својот приватен живот, бидејќи по разводот од Кеш Ворен, таа започна романса со колега кој е 11 години помлад од неа.
Но, не е само нејзиниот емотивен живот тој што доживеа ренесанса… Нејзиниот начин на облекување исто така значително се промени, а често ја гледаме една од најубавите актерки во смели комбинации.
Неодамна имавме можност да ја видиме во атрактивна комбинација, а сега таа прошета по улиците на Њујорк во шик комбинација инспирирана од „old money“ стилот.
Jessica Alba Seen Out to Dinner at The Old Rose in New York City 09-18-2025
-> https://t.co/7GqKwBMA18 pic.twitter.com/3y4asNMojt— Tha Starz (@thastarz) September 21, 2025
Таа носеше бела маица и јакна со златни копчиња, а на комбинацијата додаде и лежерни фармерки и бели потпетици. Може да се каже дека нејзиниот стил е комбинација од модерно и елегантно, и совршено ѝ стои.
Едно е сигурно – Џесика Алба процвета по разводот!
фото: принтскрин