Uncategorized
Гогољ – новата кавга меѓу Русија и Украина
Русија и Украина се повторно во конфликт. Токму на 200-годишнината од раѓањето на Николај Василевич Гогољ се разгореа националните страсти
Гогољ, роден 1809 година во Полтава, е еден од најголемите критичари на руското општество, генијално опишани во неговите „Мртви души“, „Шинел“ или, пак, фантастично-сатиричниот расказ „Нос“. Како писател од романтизмот во своите раскази се враќа на богатиот украински фолклор и обичаи, како во „Вечери на имотот кај Дикањка“.Но, кавгата настана кога Алексеј Вертински, актер во Младинскиот академски театар од Киев, им соопшти на украинските медиуми дека Русија сака да си го присвои Гогољ. „Можат да се губат. Ако јас објавам дека сум син трамвај, дали тоа значи дека треба да си заминам од станицата?“, додаде во апсурден стил на големиот книжевен гениј.Но, експертите од Москва реагираат на ваквите тврдења и сметаат дека политичката елита во Украина на ваков начин сака да докаже дека постои посебен украински национален идентитет и само само сакаат да си го пробијат влезот кон „цивилизираната“ Европа со барем еден голем писател. „Гогољ пишувал и мислел како Русин. Тој е руски писател и крај“, истакна Игор Солоцки. Русија, меѓу другото, ја покрена иницијативата за отворање на музеј посветен на Гогољ, како и продуцирање на руска серија за доживувањата на познатиот козачки јунак Тарас Буљба, еден од најголемите книжевни херои на Гогољ.Руските експерти се навредија и од вестите дека книжарниците во Киев продаваат верзии на украински јазик на неговите книги, а преведувачите ја замениле фразата „големата руска земја“ со „големата украинска земја“.Премиерот на Украина, пак, Виктор Јушченко, со сигурност го потврди своето присуство на церемонијата по повод 200 години од раѓањето на Гогољ која ќе се одржи во Полтава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

