Uncategorized
Почнува „Танц фест“
Со проекциите на Шведски танцов филм во Музејот на современа уметност, под мотото „Чудесниот свет на танцот“, утревечер во Скопје започнува петтото по ред издание на „Танц фест“, во организација на културниот центар „Интерарт“
До 16 април ќе бидат изведени 6 современи балетски перформанси, а токму танцовите филмови се новина на ова издание на „Танц фест“. За првпат пред македонската публика ќе и‘ се прикаже една нова димензија на танцот, танцот како движечка сила преку филмскиот медиум. „Dance Screen Sweden“ ја претставува широчината на шведскиот танц, а ваквиот тип на филмови во Шведска се развива веќе 15 години. Публиката ќе може да погледне иновација од видео инсталации и краткометражни филмови. Гостите од Шведска, Кристина Молендер – директор на Танц театар од Стокхолм и Сесилија Олсон, балетски критичар, ја истакнаа огромната важност на филмскиот медиум како промотор на современиот танц. Дел од филмовите кои ќе се прикажат утревечер во Скопје и во Битола на 11 април, се наградувани на фестивалите низ светот.На 8 април на сцената на Македонската опера и балет е свечоното отворање на „Танц фест“ со изведбата на „Таленти во движење“ на Rotterdam Dance Academy од Холандија, а на оваа вечер свечено ќе биде доделена наградата „Менада“, награда за врвни достигнувања во балетската уметност, чиј лауреат оваа година е примабалерината Ирена Ветерова. Наредниот ден, 9 април, е посветен на македонскиот современ танц и македонските кореографи. Во Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток од 20 часот, балетскиот оддел за современ танц при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ ќе ги изведе „Духот на танцот“ во кореографија на Гордана Деан Поп – Христова и „Контраст“, а од 22 часот во Музејот на современа уметност културниот центар „Интерарт“ ќе го изведе перформансот „Делови…“, во кореографија на Рисима Рисимкин. Со оваа изведба „Интерарт“ го најавува формирањето на Танцовиот театар во Скопје, идеја која постои веќе неколку години. На 10 април во МОБ првпат ќе гостува балетот од Косово со „Перформанс“. На 12 април, на академската сцена при Факултетот за драмски уметности ќе биде изведена кореодрамата „Заспани“, работена според „Три сестри“ на Чехов, во која учествуваат 9 студенти по актерска игра и студенти од Музичката академија од Скопје, во режија на Нина Николиќ. На 14 и 16 април гостува Државната опера и балет од Истанбул и тоа со 2 претстави: „Градина на розите“, во кореографија на Бејхан Марфи и „Дамата со камелии“, во кореографија на Мехмед Балкан, кога е и свеченото затворање на фестивалот. Што се однесува до добитникот на наградата „Менада“, примабалерината Ирена Ветерова, таа е еден од ретките македонски балетски уметници која во аналите на светската балетска уметност е запишана преку соработките со Маја Плисецкаја, Патриција Нери, Виолета Верди, Мануел Легри, Карла Фрачи, Александра Фери. Настапува во Европа, Јапонија, Кина со водечки танчери од Миланската скала, Кралскиот балет од Англија, Кралскиот балет од Данска, Националниот балет на Португалија, театарот Бољшој итн. Таа во целост го заслужува епитетот примабалерина, со оглед на фактот дека настапува со најголемите уметници од областа на танцот на 20 век.Меѓу другото, академскиот сликар Сергеј Андреевски за јубилејното издание на фестивалот изготви графика инспирирана од танцот, „Едиција Танц Фест Скопје 2009“, со што дава свој придонес и поддршка на фестивалот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

