Uncategorized
Филмскиот фонд ги објави тековните активности
Филмскиот фонд на Македонија денес ги објавни претстојните активности и дел од филмовите кои набрзо ќе имаат свои премиери
Како што објави директорот на Филмскиот фонд, Дарко Башески, во тек е снимањето на неколку документарни филмови кои се поддржани од фондот, односно се привршуваат „Чедо“ на Аљоша Симјановски, „Кадаре“ на Алберт Дилот и краткометражниот „Радост“ на Алек Русјаков. Премиерата на „Осаменост“ од Иван Ивановски се очекува да биде на 16 април во Кинотеката на Македонија. Од долгометражните играни филмови, „Замена“ на Марија Џиџева, кој ќе биде дел од еден поголем омнибус е веќе во постпродукција, а проектот „Д’ Скопје“ официјално ќе почне со снимање во мај. Високобуџетните проекти на Дарко Митревски и Столе Попов се‘ уште се во преговори со копродуценти. Новитет е тоа што Филмскиот фонд ќе стане член на European film emotion – организација која го промовира европскиот филм. Што се однесува до кино-дистрибуцијата во Македонија, која е во очајна состојба, директорот Башески потенцираше дека петте дистрибутери од Македонија, со исклучок на „Манаки филм“, постојано добиваат средства од Еуроимаж за дистрибуирање на европски филмови, но ништо од тоа не е прикажано. Беше разговарано и за кино мрежата која веќе и не постои кај нас. Во наредниот период ќе се направи проект за воспоставување на таа мрежа во постоечките кино сали низ земјата, со што би се започнало и аплицирање во европските фондови за дигитализација на салите кои би се пуштиле во употреба.Филмскиот фонд со многу мали средства го поддржа и Кино сојузот на Македонија за учество на светскиот фестивал за непрофесионални филмови „Уника“, летната филмска школа, 2 фестивали за непрофесионални филмови во Македонија и работилници за филм.Инаку, Македонија оваа година нема да учествува на Канскиот филмски фестивал. Иако многу земји учествуваат и без свои филмови , Филмскиот фонд на Македонија одлучил оваа година да не се учествува ниту со промотивен материјал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

