Uncategorized
„Танц прегратка“ – изложба на фотографии
Во петок, 24 април, во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложбата на фотографии „Танц прегратка“ („Danse L’Etreinte“) од францускиот автор Тристан Жан- Валес, во организација на Локомотива – центар за нови иницијативи во уметноста и културата
Оваа изложба е резултат на долгогодишната соработка на авторот со бројни кореографи и танчери. Во почетокот на 80-тите години од минатиот век тој се запознава со инспиративниот и дотогаш за него непознат свет на танцот, и оттогаш, благодарение на многубројните патувања по светот, тој будно ги следи повеќето современи танцови креации. Неговите истражувања опфаќаат голем дел од опусот на кореографи кои со својата работа внесоа нов дух во пејзажот на модерниот и современиот танц, како Жан-Клод Галота, Режин Шопин, Доминик Багуе, Пина Бауш, Триша Браун, Јозеф Наѓ, Катрин Дивер, Матилд Моние и многу други. Тристан Жан-Валес континуирано ја следи работата на кореографите, и, покрај професионален, со дел од нив успева да воспостави и пријателски однос кој му овозможува остварување на непосредна соработка и директен пристап во процесот на создавање на нивните дела, од пробите па сè до моментот на изведбата. Тој создава материјални спомени од минливите моменти на танцовото дело. За работата на Тристан Жан-Валес кореографот Жан-Клод Галота вели: „Танцот и‘ должи неколку суштински нешта на фотографијата, а тоа е неговото постоење и во времето вон моментот на изведба. Идните генерации можат да се запознаат со работата на кореографите преку “заробените“ моменти и движења прикажани преку фотографијата.Тој е овластен воајер, како што го нарекува Јоан Томерел од Институтот за конзервација и валоризација на архиви од Каен, кој во својата работа применува ретроспективен пристап – документира особени моменти, тела, во сензуален или груб контакт, напуштени, задоволни или во страдање.“ Изложбата „Танц прегратка“ нуди панорама од современи танцови дела, и произлегува од средбата и спојот помеѓу две уметности: фотографијата и танцот. За време на својот престој Тристан Жан-Валес во придружба на македонскиот уметник Дејан Спасовиќ ќе патува низ Македонија со цел да запознае и фотографира изведувачи на македонска традиционална музика и изработувачи на традиционални музички инструменти. Ова истражување е дел од неговиот долгорочен проект посветен на традиционална музика кој авторот го започна во 2002 година. По неговата реализација во Шкотска, Бретања во Франција, Ирска, Португалија, Андалузија во Шпанија, Србија, и Бугарија, го продолжува своето истражување во Македонија посветено на македонската традиционална музика во соработка со Локомотива.Покрај изложбата на фотографии, фотографот Тристан Жан-Валес ќе одржи отворена презентација на 23. април, четврток, во 20:00 часот, во Македонскиот центар за фотографија, на тема Продукција на фотографии на тема ТАНЦ. Изложбата и останатите активности во рамки на гостувањето на авторот во Македонија се реализираат во рамките на Културна политика и културна размена, проектен дел од тригодишниот проект за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и Долна Нормандија – од октомври 2007 до октомври 2010.Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата од Скопје и Регионалната агенција за зачувување на слика и звук од Каен, Долна Нормандија, се носители на проектниот дел Културна политика и културна размена.Проектот е поддржан од регионот Долна Нормандија и француското Министерство за надворешни работи и Асоцијацијата на агенции за локална демократија, со логистичка поддршка од Францускиот културен центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

