Uncategorized
Сузана Милевска го отвора Меѓународниот конгрес на куратори во Хелсинки
Овогодинешниот Конгрес на Меѓународното здружение на куратори (ИКТ) што ќе се одржи од 23 до 26 април во Хелсинки, Финска, ќе биде отворен со рефератот на проф. д-р Сузана Милевска
Темата на Меѓународниот конгрес за куратори е „Политика на припаѓањето“, а покрај професорката Милевска свои излагања ќе имаат Т. Џ. Демос, Солвита Кресе и Кристина Норман. Се очекува да присуствуваат околу 150 познати куратори вработени во различни музеи и галерии низ светот, како и независни куратори. Седиштето на ИКТ е во Луксембург, а претседтел е Енрико Лунги, директор на музејот МУДАМ во Луксембург. Во ИКТ Милевска членува од 2005 година и е единствен член од Македонија. Со кураторство се занимава од почетокот на деведесеттите, кога таа всушност и започна да го употребува терминот куратор – дотогаш се употребуваше кустос или организатор на изложба. Во моментов Сузана Милевска е професорка по историја на уметност и анализа на стилови на Академија Италијана во Скопје, каде е и раководител на наставата. Како вонреден професор предава и на Факултетот за комуникации при Универзитетот Њујорк во Скопје. „Денес оваа професија звучи многу привлечно, па не само моите колеги, туку и многу други уметници, архитекти, менаџери и директори на институции се потпишуваат како куратори, а со кураторство се занимаваат дури и високи функционери и министри. Во деведесеттите, кога започнав да работам како независна кураторка се соочував со голем отпор. Отпорот пред се‘ беше насочен кон употребата на терминот – дали поради невообичаеноста на терминот што на накои новинари им звучеше непримерно и вулгарно, или поради тоа што во почетокот пречеше и мојата независнот, но во секој случај тој период претствуваше вистинска битка да се реализира проект како куратор надвор од рамките на државните институции. Всушност, односот на државата кон независните куратори не се промени во текот на овие 15 години, но во секој случај кураторството е веќе широко прифатена и престижна професија. Затоа посебна чест ми претставува поканата да имам излагање на самото отворање на Конгресот на Меѓународното здружение на куратори и тоа токму на темата на припаѓање која е толку актуелна кај нас“, вели Милевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

