Uncategorized
Свечена премиера на „Созерцание“ на Иво Трајков во Кинотека
Продуцентската куќа „Кавал филм“ во рамки на Скопскиот филмски фестивал организира свечена премиера на филмот „Созерцание“ на режисерот Иво Трајков, која ќе се одржи в недела, 26 април, во Кинотеката на Македонија, со почеток од 21 часот
„Созерцание“ е македонско-чешка копродукција и е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија и Филмскиот фонд на Чешка. Темата на овој филм е конфликтот на поединецот помеѓу неговата слободна волја и предестинираната судбина. Овој дуализам кој лежи во основата на човечката природа, во приказната е изразен преку постоење на еден натприроден лик во целосно реалистичен опис на патување на еден млад човек низ современиот свет чија кротка и емотивно чиста душа е присилена да се конфронтира со искушенија и конечно да го понесе бремето на одговорноста и донесувањето одлуки. Јосиф е прилично традиционален млад човек, со цврсто изграден систем на вредности, во кој семејството е на прво место, па распаѓањето на неговиот брак, што претставува основна драмска ситуација (која му претходи на почетокот на нарацијата на филмот) е премногу болно за него. Патувањето на Јосиф навидум е монотоно секојдневие на обичен човек кој се соочува со проблеми на професионален и приватен план кои настојува стоички да ги поднесе, но надворешната пасивност и препуштањето на текот стануваат целосно соголени пред внатрешното огледало симболично претставено преку сонот. Oваа деликатна приказна на главниот лик завршува со созерцание, будење и откривање на вистинскиот пат и способноста да се предизвика и промени сопствената судбина кое носи ослободување од дилемите на детската понизност и неодговорност и препознавање на вредностите и перспективите кои ги нуди животот. Музиката за овој филм ја компонираше Зоран Маџиров, а автори на главната музичка тема на филмот со наслов “Until the end” се Дуке Бојаџиев и Анџела Мекласки, која во 2004-та беше номинирана за наградата Греми за светски познатиот хит “Breathe”. Монтажата на музиката на филмот ја направи Атанас Георгиев кој исто така е и автор на Филмот за филмот (making of). Костимите за филмот ги изработи Маријана Котевска. Главните улоги во филмот ги толкуваат чешките актери Давид Швехлик, Карел Зима, Магда Сидонова и македонската актерка Верица Недеска-Трајкова.На скопската премиера ќе присуствуваат режисерот Иво Трајков, продуцентот Роберт Јазаџиски, актерката Верица Недеска-Трајкова, композиторот Зоран Маџиров, костимографот Марија Котевска, а од чешката екипа актерот Карел Зима и кинематограферот Клаус Фуксјагер.Официјалната дистрибуција ќе започне на 17 мај во Кинотеката на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

