Uncategorized
Русија пронашла ефикасна вакцина против птичјиот грип
Руските научници успеале да пронајдат ефикасна вакцина против вирусот на птичји грип кај луѓето.
Руските научници успеале да пронајдат ефикасна вакцина против вирусот на птичји грип кај луѓето.
„Спроведовме испитувања на два вида вакцини. Врз шест групи доброволци од по 20 луѓе тестиравме три варијанти на два вида вакцина, со различна вирусна заразност. Во сите шест групи имаше имунолошки одговор“, соопшти Маријана Ерофеева, директор на лабораторијата во Научно истражувачкиот институт за грип.
Таа додаде дека за време на тестирањата кај пациентите не се појавиле компликации и несакани реакции на препаратот. Три варијанти на вакцината од шесте тестирани, дале задоволувачки имунолошки одговор, а сега треба да се одбере најоптималната.
„Ќе има два критериума за оценка. Првиот е безопасноста на вакцината, односно како го поднеле препаратот доброволците. Вториот критериум ќе биде количината на антитела во крвта на доброволците“, рече Ерофеева.
Избраната вакцина ќе биде испитана врз група составена од повеќе доброволци.
/крај/б/ст/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.