Uncategorized
Поетот Јовица Тасевски – Етернијан примен во британското поетско друштво
Нашиот истакнат поет, критичар и есеист Јовица Тасевски – Етернијан деновиве стана полноправен член на британската поетска асоцијација „The Poetry Society“, која оваа година слави еден век од основањето
Ова поетско здружение има големо влијание на британската книжевна сцена и во него членуваат најпознатите поети од Велика Британија, меѓу кои и доскорешниот и актуелниот поет-лауреат, Ендру Моушн и овогодинешниот лауреат, поетесата Керол Ен Дафи, како и голем број афирмирани поети од светот чија поезија е преведена на англиски јазик.„The Poetry Society“ има голем број активности кои се поддржани од Уметничкиот совет на Англија. Оваа поетска асоцијација доделува неколку награди за поезија, организира книжевни трибини и работилници, како и повеќе поетски читања, меѓу кои е и поетското читање што по повод Денот на поезијата се одржува во Бакингемската палата под покровителство на кралицата Елизабета. Исто така, „The Poetry Society“ објавува поетски антологии, теориски и критичко-есеистички книги поврзани со поезијата и ги издава водечкото поетско списание во Велика Британија „Poetry Review“ и поетскиот весник „Poetry News“.Јовица Тасевски – Етернијан е роден 1976 година во Скопје. Дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Автор е на книгите: „Нешто се слуша” (поезија, 1995 год.), „Визии. Глагол” (поезија, 1997 год.), „Веда” (поезија, 1998 год.), „Постојното, плимата” (книжевни критики, есеи и студии, 2000 год.), „Клатно” (поезија, 2001 год.) и „Небесни стражи” (поезија, 2004 год.). Со Маја Апостолоска го приредија изборот од современата македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви што излезе како тематски број (11. 12. 2000 год.) на списанието за литература, култура и уметност „Стремеж” – Прилеп. Ја состави и антологијата на најмладата македонска поезија „Неидентификувана небесна дојка” (2001 год.). Го објави прото-манифестот на интегралистичкото книжевно струење. Во периодиката објавува поезија, книжевни критики и препеви. Во 2006 ја објавува својата „Посоки и огледи“ (книжевни критики, есеи и студии). Неговата поезија е застапувана во неколку антологии и објавувана е на повеќе јазици. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Работи во НУБ „Св. Климент Охридски” – Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

