Uncategorized
Симфо-џез
Уште еден убав музички четврток во домот на АРМ.Пишува: Влатко ГАЛЕВСКИ
Овој пат во симфо-џез варијанта со гостите од Бугарија, џез квартетот во постава: Ангел Заберски, пијано, Михаил Јосифов, труба, Стојан Јанкулов, удиралки и Димитар Шанов, контрабас, и Македонската филхармонија. Диригираше нашиот Борјан Цанев.Всушност се работи за композиции и аранжмани под наслов “Конечно” џез скици за оркестар на пијанистот Ангел Заберски.Првичниот но и конечниот впечаток е онаков каква што беше и музиката, лесен но не премногу возбудлив лајт-џез со препознатливи манири и цитати на стандардни џез композиции од бродвејските златни времиња на ревијалната музика. Малку поупатените ќе го препознаат и Џон Бери и Хенри Манцини и Берт Бакарак… Две компоненти му даваат на овој концерт повеќе од преодна оценка: Прво, непретенциозноста на композициите и изведбата и второ, времетраењето на концертот. Првиот атрибут секако е заслуга на композиторот Заберски но поголемиот дел од заслугите се на диригентот Цанев кој со својот ноншалантен но енергичен гест му даде посебна аура на звукот на концертот, извонредно балансирајќи ги квартетот и оркестарот, како динамички така и интонативно. Дури и спонтаните реакции на изведувачите покажуваа дека се во добро расположение и дека уживаат во музицирањето. Второ убаво нешто, а кое по правило имаме ретко шанса да го доживееме е времетраењето. Точно еден час и десет минути. По мерка. Точно според психофзичките граници на човечката издржливост и концентрација. А бисот дојде како фин шлаг врз колачот. Само уште десет минути плус би го разводниле позитивниот впечаток од концертот. Ако е неизбежно да кажеме и некоја забелешка, тоа би било во однос на композициите и аранжманите, во кои не можевме да откриеме особена оригиналност, и впечаток беше дека сепак поголемиот дел од музиката веќе некаде сме ја слушнале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

