Uncategorized
„Ехо од бранови“ на Владимир Мартиновски
Минатат седмица во книжарницата „Или – Или“ при мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје беше промовирана најновата поетска книга на Владимир Мартиновски, насловена „Ехо од бранови“
Пишува: Марјан МиновЕхо од бранови…Ушите се затнати со морска вода. (Владимир Мартиновски, „Ехо од бранови“)Станува збор за книга составена од седумдесетина хаибуни, со кои Мартиновски зборува за „малите нешта што (ни) се случуваат секојневно. Хаибунот е древен јапонски жанр кој е сочинет од кратка проза и хаику – поезија во една целина. На почетокот од еден од најпознатите јапонски хаибуни, хаику – мајсторот Мацуо Башо (1644-1694) потсетува дека сите феномени во природата се „вечни патници“, така што и писателот во традиционалниот хаибун се доживува себеси пред сè како патник. Настанат како патописен жанр, хаибунот постепено добил мошне широк жанровски опсег, кој вклучува повеќе прозни облици: дневник, автобиографија, песна во проза, краток расказ, есеј запис… Хаибунот е една воздишка, мементо на секојдневните нешта со кои сме опкружени, како во природата, така и во градот и градскиот живот. Владимир, на свој препознатлив начин, успева од урбаниот амбиент на едно наше современо време, да создаде преубави хаибуни, кои дополнети со хаикуа, како навистина да создава поетско ехо кај читателот.Со оваа книга, Владимир Мартиновски е првиот на македонската литературна сцена кој објави хаибуни на македонски јазик, а кој несомнено го најавува и сè поголемиот интерес за овој древен книжевен жанр и во македонската современа книжевност.Промотори на оваа книга беа академик Влада Урошевиќ и проф. Лидија Капушевска – Дракулевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

