Uncategorized
Вечерва премиера на „Боже мој!“
На малата сцена во Македонската опера и балет, вечерва, во 20 часот, премиерно ќе биде изведена современата балетска претстава „Боже мој!“ на кореографот Артур Кугелејн (Холандија/Швајцарија), по музика на Кристијан Мејер од Германија
Оваа танцова претстава е базирана на претставата „Dios mio!“ која првпат е изведена од мексиканската танцова компанија за современ танц „Ballet Teatro del Espacio“ во Palacio de Bellas Artes во Мексико Сити, 2007 година. Вечерашната претстава во Скопје е, всушност, римејк на оваа кореографија, со некои дополнувања. Композиторот Кристијан Мејер за вечерашната изведба има направено дополнителен материјал од 12 минути. Во основата на претставата лежи прашањето за тоа што мислиме кога велиме „О мој боже“. Играат: Марина Георгиевска, Саша Евтимова (која е и асистент репетитор), Марија Глигорова, Ирена Ковачевска, Маја Костовска, Александра Ѓоревска, Миро Митрашиновиќ, Мартин Саздовски, Борјан Тетиев, Агим Бафтии, Виктор Василевиќ и Јан Кисилев (Русија).Инаку, оваа кореографија е селектирана од страна на светски познатата „Jin Xing Dance Company“ и во 2010 година ќе биде претставена во Шангај, Кина.Артур Кугелејн се смета за нималку компромисен кореограф, чии дела предизвикуваат силни реакции. Во колаборација со танчерите и музичарите тој создава свој сопствен стил, кој се опишува како радикален, рептитивен, хипнотички „транс танц“. Проектите на Кугелејн – „Masters of Complications“, „After Effects“, „Okidoki stupid things“ се репер за најновите уметнички истражувања во постојната еволуција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

