Uncategorized
МКЦ со конкурс за идејни проекти во 2010 година
Младинскиот културен центар Скопје објавува конкурс за идејни проекти за реализација во 2010 година од областа на културата. Идејните проекти може да бидат од областа на литературата, музиката, филмот, театарот и ликовно-изложбената дејност
На конкурсот може да се јават сите физички или правни лица заинтересирани за соработка и партнерство со МКЦ за реализација на истите. Проектите треба да содржат: детална експликација за проектот, план за реализација, финансиска конструкција, CV на поднесителот/елите на проектот. Проектите можат да се достават најкасно до 20.06.2009 година во просториите на Младинскиот културен центар кеј “Димитар Влахов“ бб. 1000 Скопје, со назнака за Идејни проекти за сезона 2010, како и на e-mail адресата [email protected].Градски театар Скопје распишува конкурс за театарски проекти кои треба да влезат во репертоарот на Градски тетар Скопје во сезоната 2010 година. На конкурсот може да учествуваат сите театарски дејци од Македонија кои ќе ги достават своите проекти најдоцна до 20.06.2009 година и ќе одговараат на следните услови:Проектот да биде согласен со началните принципи на културната политика на Градски театар Скопје. (Сите заинтересирани можат да ја добијат истата на официјалниот сајт на Младинскиот културен центар www.mkc.com.mk)Да достави детална режисерска експликација за проектот како и план за реализација на истиот.Доставените театарски проекти по својата природа да кореспондираат со новите театарски естетики, предност имаат смелите, авангардните и експерименталните проекти кои ќе ја докажат сериозноста на театарската продукција. Под ова се има во предвид проекти кои во својата суштина ја имаат неконвенционалната театарска форма (некласичниот театарски простор, разбивање на досега познатите форми, поагресивни теми за обработка кои со себе го надминуваат општовиденото решение на истите). Комисијата интерно ќе реши за сериозноста, како на кавалитетот на театарскиот проект, така и за авторскиот тим кој е одговорен за неговата реализација.CV на поднесителот на проектот. За проектите ќе одлучува комисија која ќе биде назначена од Градскиот театар Скопје.Проектите можат да се достават најкасно до 20.06.2009 година во просториите на Младинскиот културен центар кеј “Димитар Влахов“ бб. 1000 Скопје, со назнака за Градски театар Скопје, како и на e-mail адресата [email protected]. Градски театар Скпје распишува конкурс за нови драмски текстови кои ќе бидат реализирани во рамките на репертоарната политика на Градски театар Скопје во сезоната 2010 година. На конкурсот може да учествуваат сите драмски автори од Македонија кои ќе ги ги достават своите драмски текстови најдоцна до 20.06.2009 година и ќе одговорат на следните услови:Драмските текстови да бидат во согласеност со началните принципи на културната политика на Градски театар Скопје. (Сите заинтересирани можат да ја добијат истата на официјалниот сајт на Младинскиот културен центар www.mkc.com.mk)Доставените драмски текстови по својата природа да кореспондираат со новите театарски естетики, предност имаат смелите, авангардните и експерименталните текстови.Под ова се има во предвид драмски текстови кои во својата суштина ја имаат неконвенционалната театарска форма (се зема за пример пишувањето на драмски текст по време на процесот на работа).Драмскиот текст досега да не е објавуван (како во целост така и во фрагменти).CV на авторотЗа драмските текстови ќе одлучува комисија која ќе биде назначена од Градскиот театар Скопје.Драмските текстовите можат да се достават најкасно до 20.06.2009 година во просториите на Младинскиот културен центар кеј “Димитар Влахов“ бб. 1000 Скопје со назнака за Градски Театар Скопје како и на e-mail адресата [email protected]
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

