Uncategorized
Постојана љубов, талент и желба за игра
Нуркачи во височина: Љубица Гојковиќ, актерка
Пишува: Лилјана МАЗОВАЉубица Гојковиќ е дете на театарот. Откако памети за себе е во театарот, на сцената, во гримиорната, во салонот, во театарското бифе. Така е речиси откако се родила (1945, Куманово). Со театар ја заразил татко ì, актерот Ѓоко Николовски (се занимавал и со режија), кој е еден од неговите основачи, петтемина кои биле во првиот професионален состав на Народниот театар во Куманово, основан во јануари 1948 г., што работел и дотогаш, ама со аматерски или полупрофесионален статус.Љубица, или Буба, од најраното детство била во овој театар: како публика, како актерка, едно време и негов директор. Сега е на заслужената пензија и пак е во својот театар во Куманово. Игра во претстави што се поставуваат. Се случи своевиден исклучок/настан: на првата вечер на 44. Македонски театарски фестивал “Војдан Чернодрински” во Прилеп, на 5 јуни годинава, Љубица си ја прими наградата за животно дело “Војдан Чернодрински”, а само неколку вечери подоцна, пак, беше на сцената: како Султана во Тетовирани души на Горан Стефановски, во режија на Јани Бојаџи, со која Кумановскиот театар настапи во официјалната/натпреварувачка програма на годинашниот МТФ. Претставата на репертоарот е од септември 2008 година.Буба играла или игра и во други претстави на својот театар. Во него е и кога не игра, кога само наминува да го види театарот, да ги помириса неговите мириси, да се води со колегите од која било генерација, да дознае што ново се планира и дали ќе ја има и во новата поделба. Играла многу, ги поминала речиси сите премрежја на овој театар кои и не се малку. Буба секогаш со невиден жар и ентузијазам верувала дека доаѓаат подобри времиња. И доаѓале нови претстави, нова публика, нови радости и средби со ликови, текстови, режисери, нови колеги, нови генерации на секогаш љубопитната театарска публика во Куманово.Иако од дете била во Кумановскиот театар, официјално негов член е од 1966 г. Сè во нејзиниот живот е врзано за Куманово: се родила, се образувала, студирала, живеела, создавала во Куманово. Како и секоја добра актерка, особено во помала средина, има период кога играла во секоја нова претстава. Разни ликови на девојки, жени, борци, љубовници, мајки… Во сите тие ликови доминирала нејзината љубов, талент, сценичност, специфичната боја на јакиот глас. Има и една посебност: ако се стави во втор план нејзиното чувство за комика (што речиси им е вродено на кумановци), Буба секогаш кулминирала во таканаречените трагични ликови, затоа што секогаш умеела од себе да го извади најчовечното чувство − да ја доживее трагиката на личноста сместена во времето. Без разлика дали станувало збор за антички хероини, за ликови од светската или домашната класика, или од современата драмска литература. Ги одиграла и Софоклевата Електра во истоимената трагедија, Мајката во Дејството на гама зраците врз сенишните невени за која ја доби Ноемвриската награда на Куманово (1983), госпоѓата Говен во Реквием за калуѓерката од Фокнер, ликовите на мајките во Чест и Гаме оњер, ја играла Ташана, Рајна во Лет во место. Публиката иако секогаш ја сакала, најдолго и со генерации ја памети како Ленче во Бегалка. Чувството за хумор го изразувала и изразува низ разни хумористични серии, а добитник е и на награда токму за тие креации пак на своето Куманово, во 1995 г.Кога говори за театарот, исто како и на сцената, полна е со страст и со лични искуства и ставови. Го сака времето во кое таа, заедно со колегите, дневно била и на по две проби за нова или нови претстави, кога дневно играла и во две претстави пред полн салон публика. Зашто, освен во вечерните или претстави за возрасни, Буба одиграла и ликови во недобројни претстави за деца.Буба, онака витка, младолика, отворена кон сè што е ново, љуби на свој начин и да теоретизира/расправа за театарот. За тоа дека тој постојана еволуира, расте, зрее и се надградува; дека театарот никогаш нема да згасне, дека младите со време ќе се стекнат со страста и жарот што го имала таа и нејзината генерација. Верува и дека репертоарот на театарот мора да има разни содржини − драми, комедии, трагедии − дека публиката знае најдобро да го оцени доброто во репертоарот и најдоброто од актерот. Игра и верува дека во поделбата на новата претстава пак ќе има лик што таа ќе го одигра со својата посветеност и љубов на она за што го живеела и живее животот − театарот, нејзиниот Кумановски театар. Авторката е театарска критичарка и публицистка
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

