Uncategorized
Патеката на културата повторно откриена во срцето на Скопје
Tеатар, музика, изложби, игри, вкусувања… Чалгии, Љубојна, Фолтин и Суперхикс.Формулата што донесе успех!
Повторно откривање на патеката на културата? Замислете ново оживување на оној незаборавниот период на Старата скопска чаршија, враќање во 80-тите и 90-тите, кога генерациите пред мене, своето време го поминуваа во вечерните прошетки на калдрмата стара девет века. По подолго време, овој смел и достоен за почит проект на 200 волонтери и италијанската влада како главен покровител, ги натера скопјани да ги оживеат своите спомени, а оние помладите за миг да го почувствуваат духот на историјата и традицијата. На сцената низ Чаршијата долга повеќе од еден километар, почнувајќи од Камениот мост, Даут-пашиниот амам, кај црквата Свети Спас, потоа кај Чифте амам, Сули ан, па до платото на Куршумли ан, посетителите проследија концерти, изложби и театарски претстави во кои учествуваа повеќе од 200 уметници. Уметничкиот директор на овој проект Лука Кортина срдечно го поздрави пристуството на возбудената петилјадна толпа која нестрпливо го очекуваше почетокот на концертот на групата Суперхикс како шлаг на тортата по претходната петчасовна богата програма, притоа изјавувајќи дека целта е да се врати интересот кон Чаршијата на ниво на културна вредност на најстарата чаршија на Балканот, како место за собирање, полно со монументи и тајни приказни стари неколку столетија. Секако, најзапаметениот миг за мене, а верувам и за многумина, беше концертот на Суперхикс кои ни приредија два и полчасовно уживање со нивните најпознати хитови кои не вратија десет години наназад. Публиката со страст на ожеднет пустиник ги враќаше на сцената за уште неколкуминутна забава која уште долго ќе биде запаметена. Сосем на крајот, сега а 2009-та. Година во изминување, година на нова генерација која подзаборави на она што беше Скопје за претходните генерации. Можеби е време да се свртиме назад и да се обидеме да го вратиме изгубеното. Бидејќи што е еден град како Скопје без својата предознатлива Стара чаршија, без своето срце?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

