Контакт

Uncategorized

Aјвар за учесниците на „Охридско лето 2009“

Објавено пред

За секој учесник на годинешното издание на „Охридско лето“ Управата на најреномираната музичко-сценска манифестација во Република Македонија обезбеди по една тегла македонски ајвар, производство на АД „Градинар“ од Охрид

dobivaj vesti na viber

Директорот на фестивалот Тони Симоновски појасни дека за големите уметници кои ќе настапат годинава во Охрид се обезбедени петстотини тегли македонски ајвар, со уникатна налепница на која фигурира логото на фестивалот „Охридско лето“.Тој појасни дека целта на ваквиот потег е преку „Охридско лето“ да се промовираат македонски производи, па согласно таквата идеја ајварот да биде заштитен знак на годинешното издание на фестивалот.Според Симоновски, идејата потекнала од средбата со Енио Мориконе, ѕвездата на годинешното 49-то издание на „Охридско лето“, кој за време на средбите и договарањата околу неговиот настап на Античкиот театар на свеченото отворање пробал и бил одушевен од македонскиот специјалитет.Минатата година организаторот за учесниците на фестивалот обезбеди шише македонско вино.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

(Видео) Гори дел од касарна, голем пожар во Србија

Објавено пред

Во делот од касарната лоциран во близина на болницата ВМА, во Бањица денеска во попладневните часови имало пожар.

dobivaj vesti na viber

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Како што се гледа на видеото кое е објавено на социјалната мрежа Инстаграм, во тој дел од градот се шири густ чад.

На терен се 12 пожарникари и четири противпожарни возила.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Општина Аеродром доделува мали грантови за управување со отпад

Објавено пред

Општина Аеродром објавува повик за доделување мали грантови за граѓанските организации на тема „Зајакнување на заедниците за одржливо управување со отпад од пакување“.

dobivaj vesti na viber

Целта на повикот е да се променат навиките на локалното население за селектирање отпад од пакувања во своите домаќинства и да се научат на правилна селекција на отпадот, пред сè, пластика и лименки.

Вкупниот износ на финансиските средства за грантот изнесува 25.000 евра обезбедени преку проектот финансиран од Европската Унија „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром“.

Минималната вкупна сума што може да ја добие една граѓанска организација е 2.500 евра, додека максималниот износ по грант изнесува 5.000 евра во денарска противвредност.

Јавниот повик е отворен за граѓански организации што се формално регистрирани на територијата на Град Скопје најмалку 2 (две) години пред објавата на овој повик.

Предност ќе имаат оние организации што во својата мисија и статут имаат заложби за зајакнување на заедниците за одржливо управување со отпад и кои во својот фокус ги имаат младите.

Проектите може да бидат со времетраење од 3 месеци, односно да се спроведат во периодот од ноември 2024 година до јануари 2025 година.

Предлог-проектите мора да се спроведуваат исклучиво на територијата на Општина Аеродром.

Рокот за поднесување на предлог-проектите е до 16.10.2024 година, најдоцна до 15:00 часот во Архивата на Општина Аеродром (соба број 7 на први кат) или електронски преку е-адресата [email protected]. Подетални информации за повикот може да се добијат на телефонскиот број 075/572-830.

Документацијата за поднесување на предлог-проектите може да се преземе на следниов линк.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Видео) Руска вселенска капсула слета на Земјата, поставен нов рекорд: астронаутите поминале 374 дена во вселената

Објавено пред

Руската вселенска капсула „Сојуз МС-25“ слета денеска во степите на Казахстан со двајца руски и еден американски астронаут, кои престојуваа на Меѓународната вселенска станица (МВС).

dobivaj vesti na viber

Капсулата „Сојуз“ со космонаутите на „Роскосмос“, Николај Чуб и Олег Кононенко, и астронаутот на НАСА, Трејси Дајсон, слета на Земјата во 11.59 часот по локално време, јавува „Ројтерс“.

Кононенко и Чаб заминаа кон вселенската станица на 15 септември 2023 година и во петокот го поставија рекордот за најдолга континуирана мисија на ISS поминувајќи вкупно 374 дена во вселената.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче префрли 7 милиони евра од здравството на фирма на роднина

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини поранешната власт предводена од СДСМ и ДУИ за несоодветно управување со здравствениот систем во земјата. Актуелниот претседател...

Топ26 минути

Условна за скопјанец, од омраза нападнал припадник на ЛГБТ заедницата, го удирал со клоци и тупаници по главата и телото

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на признание на вина...

Топ29 минути

ЦУК: Пожарот во зградата во Чаир е комплетно изгасен, состојбата допрва треба да се утврдува

Во 06.00 часот, денеска е добиена информација од БППЗ на Град Скопје дека пожарот се уште бил активен и на...

Топ45 минути

Тројца починати на лице место, возачот на камионот повреден во сообраќајката на патот Припеп-Битола

Tри лица загинаа, а еден е повреден во сообраќајната несреќа што утрово после 7 часот се случи на магистралниот пат...

Свет2 часа

Си-ен-ен: Русија го зазеде клучниот град Вугледар во источна Украина, војници мавтаа со руско знаме над урнатините

Русија го зазеде клучниот источноукраински град Вугледар, ставајќи крај на повеќемесечниот отпор, а снимките потврдени од Си-Ен-Ен покажаа војници како...

Свет2 часа

(Видео) Американска бомба од Втората светска војна експлодира на аеродром во Јапонија, откажани повеќе од 80 лета

Американска бомба од Втората светска војна експлодира на јапонски аеродром, кој беше затрупан под такси-патеката. Експлозијата остави голем кратер и...

Свет3 часа

Рано утрово одекнаа експлозии во Бејрут: Израел повторно нападна, 100.000 луѓе панично избегаа од Либан во Сирија

Рано утринава израелската армија (ИДФ) изврши нов напад врз либанската престолнина Бејрут, чија цел беа, како што тврдат, локации поврзани...

Свет3 часа

(Видео) Објавена снимка од американски разурнувачи, кои пукаат во ирански ракети

Објавена е снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети. Централната команда на САД сподели видео клипови од два...

Свет3 часа

Меланија Трамп го поддржа правото на жените на абортус во своите мемоари

Меланија Трамп, сопругата на поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп, ја изрази својата страсна поддршка за правото...

Македонија15 часа

(Видео) ЦУК: Гасењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато, се вклучува и специјално противпожарно возило на Армијата

Гасењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во...

Македонија21 час

Борис Кондарко повторно избран за претседател на ДИК

На денешната седница Собранието донесе одлука за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК) по смената на власта во...

Македонија23 часа

Ќе се забрани пристапот до 100 странски онлајн-коцкарници што се користат кај нас, Андоновски алармира дека се вклучени малолетници  

По згаснувањето на домашните онлајн-коцкарници, кои нелегално приредуваа игри на среќа, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави дека ќе...

Македонија23 часа

(Видео) Пожар во зграда во Чаир, станарите евакуирани, неколкумина побарале лекарска помош оти вдишиле чад

Пожар избувна во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир, а неколкумина станари, пожарникар и полицаец побарале лекарска помош...

Македонија1 ден

Македонското МНР го осуди иранскиот ракетен напад, граѓаните да не патуваат во Израел, Иран и Либан

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во...

Македонија1 ден

Обвинение за несовесно работење против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против службено лице – градоначалник на Општина Струга за кривично дело – Несовесно...

Свет1 ден

(Видео) Тројно се зголеми бројот на загинати во Северна Каролина по ураганот Хелен: „Видовме тела како висат на дрвјата“

Бројот на жртвите на ураганот Хелен во шест американски држави се искачи на над 160, а милиони луѓе останаа без...

Македонија1 ден

„Вреди“: Елми Азири подготвен да ја потоне ДУИ

„Елми Азири, пратеник од таканаречениот Европски фронт, во телевизиска изјава јавно призна дека учествувал на состанокот одржан во собраниска канцеларијата...

Свет1 ден

Најмалку 162 изгубени животи: Хелен и официјално е вториот најсмртоносен ураган во САД

Разорниот ураган Хелен однесе најмалку 162 животи, јавуваат американските медиуми. Според информации, црниот биланс е забележан во шест земји. Ураганот...

Свет1 ден

Иран: Ова беше самоодбрана, доколку Израел не возврати, акцијата е завршена

Иранската воена акција против Израел заврши, се вели во изјавата на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Во објавата...

Свет1 ден

(Видео) Моментот кога огромен број ракети се појавија над Тел Авив и Ерусалим

Иран вчера попладне лансираше стотици ракети кон Израел. Според Израел, биле истрелани речиси 200 ракети. Ракетите се појавија над Израел...