Uncategorized
„AKTO Off“ во Музеј на град Скопје
Утревечер во 21 часот, во Музејот на град Скопје, ќе биде претставено четвртото издание на Фестивалот за современи уметности АКТО_4 во Битола, со DJ сетот на Мартчин (OffPop), а настанот ќе биде збогатен со дегустација на храна подготвена од ХНУ (истражувачкото студио за храна и уметност)
За време на настанот ќе бидат проектирани документарни филмови снимени за време на фестивалите АКТО_2 и АКТО_3. Како интернационален фестивал на современи уметности, АКТО е конципиран врз основа на четири оддели: изведувачки уметности, визуелни уметности, музика, теорија на културата и многу музички настани. Оваа година, фестивалот ќе се одржува од 11-16 август во Битола, а главната тема е „Поколенија“. За оние кои се од или во Скопје тој период, во соработка со Македонски железници ќе биде обезбеден превоз, збогатен со патувачки оброк од квалитетни македонски диџеи и забави во воз, на дестинација Скопје-Битола.Наcтаните на фестивалот во Битола ќе се одвиваат на покриви, во напуштени објекти: хотели, стари куќи, згради, автобуската станица, Офицерскиот дом и други локации кои ги поврзуваат различните генерации низ времето.Во овогодинешното издание, АКТО ја воведува акцијата „Берза на уметнички проекти“, каде може да се пријават сите зaинтересирани уметници. На темата „Идеален проект“ сите заитересирани артисти од Република Македонија се охрабруваат да ги испратат скиците на своите дела, со намера истите да бидат презентирани за време на фестивалот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.
Uncategorized
(Видео) Инцидент со уште еден авион на „Боинг“: принудно слетал во Норвешка поради проблеми со моторот
Авион на холандската авиокомпанија „КЛМ“ принудно слета во Норвешка откако имал проблеми со моторот за време на летот, но немало повредени, соопшти норвешката полиција.
Во соопштението се наведува дека Боингот 737, кој летал од Осло за Амстердам, принудно слетал синоќа во јужна Норвешка по технички дефект што се случил непосредно по полетувањето.
KLM 737-800 Skids Off Runway at Oslo Torp After Hydraulic Failure
– Bart Noëth #aviation https://t.co/9HkJ1zi21Nhttps://t.co/XafsWjG0fm— Aerospace News by HYPE (@HypeAviation) December 29, 2024
Сите 182 лица во авионот, вклучително и екипажот, не се повредени, објави „НЛ Тајмс“.
Локалните медиуми јавија дека пилотите забележале чадење од левиот мотор.
Video shows KLM flight #KL1204 skidding off the runway after an emergency landing at Torp Airport. The Boeing 737-800 (PH-BXM) was en route from Oslo to Amsterdam when it experienced a hydraulic failure. Thankfully, no injuries were reported.
Video @mackjacklar#BreakingNews… https://t.co/5OE4h79YSV pic.twitter.com/JPxxkM3zuL— Antony Ochieng,KE✈️ (@Turbinetraveler) December 28, 2024
Откако авионот безбедно слетал, патниците ракоплескале.
#BreakingNews: KLM Flight #KL1204 Skids Off Runway After Emergency Landing at Torp Airport,Norway 🇳🇴
A KLM Boeing 737-800 (#PHBXM) operating flight KL1204 from Oslo to Amsterdam faced a harrowing emergency landing on December 28, 2024. Shortly after takeoff at 18:00 CET, the… pic.twitter.com/HZWwluQwCi
— Antony Ochieng,KE✈️ (@Turbinetraveler) December 28, 2024
По инцидентот, почна истрага за причините за инцидентот.
Во меѓувреме, авионска несреќа се случи во Јужна Кореја, кога Боинг 737-800 се обиде да слета на трупот. Авионот се излизгал по пистата, а потоа удрил во ѕид и експлодирал. Според последните информации загинаа 176 лица, а спасени се двајца членови на екипажот. Истрагата за причината за падот на јужнокорејскиот авион може да трае и до три години.