Uncategorized
Министерката за култура во посета на Полска
Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, на покана од министерот за култура и национално наследство на Република Полска, Богдан Здројевски, од 6 до 8 јули ќе престојува во официјална посета на Република Полска
Во рамки на посетата, на 8 јули министрите за култура ќе остварат билатерална средба на која ќе се разговара за начините за продлабочување на културната соработка меѓу двете земји.На средбата, министрите за култура ќе потпишат и Програма за културна соработка меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура и национално наследство на Република Полска за 2009-2011 година.При посетата на Полска, министерот за култура Канческа-Милевска на 6 јули во градот Олштин ќе присуствува на концерт на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, чие гостување е финансирано од Годишната програма за култура на Министерството за култура.Република Македонија и Република Полска имаат традиционално добри односи во областа на културата. Двете земји имаат соработувано во сферата на заштитата, конзервацијата и археологијата. Во областа на филмската уметност, нашите филмски остварувања беа презентирани на меѓународните филмски фестивали во Гдањск и во Краков. Посебно треба да се одбележат разбирањето и помошта на полската страна во реализацијата на македонско-полскиот игран копродукциски филм „Жолтиот трендафил” на режисерот Антонио Митриќески. Во сферата на литературата и издавачката дејност, забележливо е учеството на полските претставници на „Струшките вечери на поезијата“ и на Меѓународната средба на литературни преведувачи во Тетово, како и учеството на полските слависти на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Во областа на музичко-сценската дејност, остварена е соработка меѓу Македонската филхармонија и адекватните институции со ангажирање диригенти и солисти од Полска, а е реализирано и учество на полски солисти на Мајските оперски вечери. На планот на ликовната дејност, реализирани се изложби во двете земји. Така, во 2003 г. Музејот на Македонија ја организираше изложбата „Македонија низ традициите на секојдневието” во Музејот на варшавскиот Универзитет. Министерството за култура за 2009 има поддржано повеќе културни настани преку кои ќе се презентира македонската култура во Полска. Манифестацијата „Струшки вечери на поезијата” има потпишано Спогодба за соработка со манифестацијата „Варшавска поетска вечер”, а е предвидено и учество на македонски поети на овој значаен културен настан во Полска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

